Shqip   Македонски   English
  Општина
Градоначалник, Совет
Администрација, Сектори
Единици
За граѓанинот  
Е-Услуги, Даноци
Формулари, Учество
во одлучување

Мојот град
Историја, Институции
Организации, Почесни
граѓани, Бизнис, Спорт
      Документи
Проекти, Документи
Урбанистички планови
Закони, Акти
Посети го Тетово
Природа, Одмаралишта, Историски објекти, Галерии, Музеи
Инфо
Ресторани, Хотели
Медиуми, Банки
Транспорт

 Мојот град
 Институции на културата
 
Историја и наследство
Институции на културата
Основни училишта
Средни училишта
Универзитети
Друштва и организации
Почесни граѓани
Круг на бизнисот
Спорт и рекреација
Соработка со други градови
 
Визуелна уметничка галерија Тетово



Уметничка галерија во Тетово е формирана од страна на Министерството на Р.Македонија , кое со Одлука бр. 19-5930/1 од 02.10.2007, за формирање на национална институција-уметничка галерија Тетово („ Службен весник на РМ„ бр.84/03), ја оснива и потврди како непрофитабилна институција од областа на културата . Во уметничката галерија-Тетово моментално се вработени 15 вработници.

Во неа функционират 3 административни, уметнички сектори и дидактички сектор.
Галеријата се финансира од буџето на Министерство на култура и од разни донации.
Станува збор главно за дотации.

Кратка историја за стариот турски амам

Амамот се наоѓа на десната страна од река Пена, во центалниот дел од градот Тетово. Во непосредна близина се наоѓа Шарена Џамија, Турбе со чешма, Беговиот конак и мостот. Сите објекти заедно формират еден комплекс, карактеристика на урбанистичкото оформување на градовите во османлискиот период.

Стариот амам со векови е отпорен и докажува за начинот на животот во одреден временски периоди, особено поради архитектурата, изворните материјали и градежната техника. Изграден  е кон крајот на 15 век и тој активно учествува во културниот амбиент и дефинирање на интегралниот изглед на градот Тетово.Се претпоставува дека него го изградил Мехмет Челебиу, син на Исак Бег. Со неговите архитектонски, тополошки и стилистички карактеристики добива посебна вредност, што се манифестира со јасна и чиста просторна организација.
Амамот во основата претставува правоаголен објект, изграден со масивни ѕидови од преработен камен и тули.Како кровна конструкција се искористени ѓемери-кубе со разни димензии, со што е формирана петта разновидна фасада, што и дава привлечен карактер на објектот. Куполите се изградени со осмоаголни тамбури, покриени со турски ќерамиди и кратки настрешнини профилизирани од камен.

Покрај извршените интервенци во разни временски периоди, објектот успеал да ја зачува неговата автентична градежна форма. Со последната конзервација остварена од страна на Националниот центар за конзервација, помогната од програмата на „Амбасадорски фонд при Американската амбасада во Р.Македонија во текот на 2005-2007, просторијата е адаптирана во уметничка галерија, со што Амамот доби нов современ третман кој овозможува ревитализација на објектот како центар за културни настани во градот.

Адреса: Уметничка галерија во Тетово, ул.„Илинденска“-Тетово бб.
E-mail: galeriaearteve@gmail.com
Телефон за контакт:
Тел: +389(0) 44 340-811/ 353-650
Фах: +389 (0) 44 353-650




       
 
Контактирај ја Општината
Општина Тетово
Дервиш Цара бб
1200 Тетово, Македонија
Тел. +389 44 511 930
Факс +389 44 511 962
Тел. 044 339 240
cabinet@tetova.gov.mk
info@tetova.gov.mk
       
       
Faqeja oficiale e Komunës së Tetovës - Официјална страница на Општина Тетово - Official website of Tetovo Municipality © 2014