Shqip   Македонски   English
  Општина
Градоначалник, Совет
Администрација, Сектори
Единици
За граѓанинот  
Е-Услуги, Даноци
Формулари, Учество
во одлучување

Мојот град
Историја, Институции
Организации, Почесни
граѓани, Бизнис, Спорт
      Документи
Проекти, Документи
Урбанистички планови
Закони, Акти
Посети го Тетово
Природа, Одмаралишта, Историски објекти, Галерии, Музеи
Инфо
Ресторани, Хотели
Медиуми, Банки
Транспорт

 Посети го Тетово
 Историски објекти
 
Природа
Одмаралишта
Историски објекти
Музеи
Места од интерес
 
Комплексот Арабати Баба Теќе



Во 1538 година, Али Деде Серсем започнал да го гради комплексот Теќе, што траело до 1548 година. Оваа зграда (бектешки храм) подоцна била преименувана во Арабати Теќе , што значи светост или храм.Со обновување на комплексот на теќето, започнале да се развиваат многу различни дејности од разни области каде што истовремено се проширува овој комплекс со изградба на многу други објекти, како познато седиште на исламскиот бектешки култ, а исто така служи како репрезентативен центар во сферата на куктурата, религијата , образованието и други.

Комплексот на објектите е карактеристичен поради фактот што изградените објекти се интегрирани во уникатна усогласена целина.Во објектите на комплексот Арабати Баба има разни декорации, орнаменти, релјефи, витрини, настрешници и друго давајќи му ориентален изглед на комплексот.Објектите освен големиот број на украси се збогатени со голем број на натписи со разни содржини. Архитектонската форма на секој објект претставува посебност од податоците на одредено дело, додека со нејзините карактеристики доаѓаат до израз крововите на објектите, столбовите, оџаците, редоследот на објектите, колоритот на фасадите, усогласеноста со компонирање на детали и други особини од културна вредност.

Во дворот на овој комплекс се наоѓа проширен зелен пејзаж збогатен со трева и разни цвеќиња, пријатен мирис и др. Сето тоа овозможува овој комплекс со ориентален стил на градба да стане посебен и да се издвои во земјата и пошироко на Балканот.

Главниот конак, библиотеката на теќето, зимскиот дом, фурната и кујната на теќето, Главна молитва, фонтана, големата чешма, сивата кула, дом за сместување(изгорено), турбе, гробишта, војнички дом, штала1, штала2, помошен објект.




       
 
Контактирај ја Општината
Општина Тетово
Дервиш Цара бб
1200 Тетово, Македонија
Тел. +389 44 511 930
Факс +389 44 511 962
Тел. 044 339 240
cabinet@tetova.gov.mk
info@tetova.gov.mk
       
       
Faqeja oficiale e Komunës së Tetovës - Официјална страница на Општина Тетово - Official website of Tetovo Municipality © 2014