Стоп за корупцијата!


Zjarrfikset

ТППЕ –Тетово Ве известува за благородната работа на пожарникарите, Ве советува како да се спречи појавата на пожари, и да се дадат разни информаци од областа на пожарникарите и безбедноста од пожар.

Оганот е добар слуга, но лош господар. За жал ова е вистина, но колку и да е пожарот неизбежен во нашето секојдневие, толку е и штетен, тогаш кога пожарот доминира позади него остава големи последици. За среќа пред многу години храбрите луѓе почнале да формираат здруженија каде војуваа со пожарот и на тој начин ги спасувале луѓето и нивните недвижности од непожелна појава на пожари.

Во Р. Македонија за прв пат такво здружение се формираше пред 170 години или пак на 20.05.1836 година во градот Битола, каде што како последица од голем пожар изгоре целата чаршија на Битола, од левата и од десната страна на реката Драгор.

Од 01.07.2005 година повторно со одлука на Собрание на Р. Македонија и со Законот за пожарникари или поконкретно ТППЕ преминува под надлежност на локалната власт.

Поради оперативното дејствување за гаснење на големи пожари по цела територија на Р. Македонија, ТППЕ на град Тетово ќе дејствува и како регионална ТППЕ на РМ.

II. НАДЛЕЖНОСТИ

Согласно Член 20 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Тетово (“Службен гласник на Град Тетово“) Територијалната противпожарна единица на Градот Скопје ги врши следните работи:

гаснење на пожари на подрачјето на градот Тетово;
отстранување на непосредната опасност за настанување на пожар;
спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загрозени од пожари и експлозии;
укажување техничка помош при незгоди и опасни ситуации;
извршување на други работи при несреќи и непогоди;
врши непрофитабилни услуги заради подобрување на техничката опременост и услови за работа, кои не го оневозможуваат или попречуваат вршењето на функцијата од претходните алинеи на овој став;
заедно со територијалните противпожарни единици на општините во РМ утврдени со закон, дејствуваат како противпожарни единици на Република Македонија заради оперативно делување при гаснењето големи пожари на целата територија на Република Македонија;
давање помош кога тоа е побарано при гаснење пожари во други држави;
водење посебна евиденција за настанатите пожари, експлозии, интервенции за гаснење и интервенции за други настани според единствена методологија и известување на Дирекцијата за заштита и спасување и Градот Скопје за тоа;
периодично испитување и проверка на исправноста на противпожарната опрема со која располага Територијалната противпожарна единица;
тековна поправка и одржување на механиката;
давање противпожарно обезбедување на објекти, делегации, јавни собири, спортски и други манифестации, во координација со Министерството за внатрешни работи;
врши обука од областа на противпожарната заштита на припадници на АРМ;
едукација на граѓаните за заштита од пожари, преку организација на предавања, преку медиуми и организирање на други активности;
врши и други работи што ќе му бидат доверени.


-14°
Max: -10°  Min: -13°
Влажност: 67%
Брзина на ветер: 25 km/h
Локално време: 19:38
Локална дата: 07.02.2012


Intervistë e kryetarit Bexheti dhënë VOA-së

Анкета
Што треба да биде приоритет на Општината?
Водоснабдување
Градско зеленило
Инфраструктура
Друго