ЈИЕ УНИВЕРЗИТЕТ



Пролетта 2000 Високиот Комисионер за национални малцинства на ОБСЕ даде иницијатаива за дискусија за фондација на интернационални донатори за нов универзитет во Република Македонија. Следејќи го усвојувањето на законот за високо образование од страна на Парламентот на Република Македонија кој дозволува основање на универзитети со не-државно финансирање и главно предавање на Албански јазик, деталното планирање започна кон крајот на 2000.Изградбата започна во Март 2001 и Универзитетот на Југо-источна Европа (ЈИЕ) се отвори шест месеци подоцна со 900 студенти. Во Октомври 2002 бројот на студентитите се покачи на 2250, а во Октомври 2003 ЈИЕУ имаше 3700 студенти.
ЈИЕУ навлегува во осмата година на постоење со повеќе од 7000 студенти и 3000 дипломирани.
Од отворањето на овој Kампус во Тетово, во октомври 2001 година успеа да се етаблира како универзитет воден од квалитетот, финасиски одржлив и како модел на една мултиетничка, мултијазична високообразовна институција во Југоисточна Европа.Понатаму, успеа да ги комбинира најдобрите искуства од САД и од Европа и продолжи да ги користи сознанијата од академската соработка со Комисијата на Европската Унија и со УСАИД , како и со другите донатори. Се користат и стипендиите поддржани и обезбедени од Кралството Холандија и од Институтот отворено општество. Неговата историја, која можете да ја прочитате преку линкот „За Универзитетот“ е фасцинантен опис за достигнувањето до оваа позиција на ЈИЕУ во споредба со условите на политичка и економска несигурност во регионов. Сега ЈИЕУ им помага на другите институции и на заедницата во промовирањето соработка при истражувањето, размената на студенти и на кадар.

Универзитетот високо го вреднува снабдувањето на студентите со целосно образование за дисциплината која ја избрале. Но со цел да им даде на студентите солидна академска основа, универзитетот исто така нуди совети за практична кариераи поддршка за да можат дипломираните да ги користат вештините и знаењето со кои се здобиле на ЈИЕ Универзитетот да ги применат во можностите кои им ги нуди животот.

Контакт.
"Ilindenska" p.n.
Tetovo
1200
Maqedoni

Телефон:+389 44 356 000
Факс: +389 44 356 001

http://www.seeu.edu.mk

  • ЈИЕ Универзитет
  • Студентски дом - ЈИЕУ
  • Спортски терен - ЈИЕУ
  • Кафетерија - ЈИЕУ
  • Компјутерски центар - ЈИЕУ
  • Библиотека
  • Библиотека
  • Амфитеатар
  • Амфитеатар
  • Амфитеатар
  • ЈИЕ Универзитет
  • ЈИЕ Универзитет
  • ЈИЕ Универзитет
  • ЈИЕ Универзитет
  • ЈИЕ Универзитет
  • ЈИЕ Универзитет
  • ЈИЕ Универзитет

На 19.06.2009 е извршена последната измена на оваа страница!