• Економски профил

    Економија

    Економија

    Економијата на територијата на Општина Тетово во последните години бележи зголемен раст. Како најразвиени дејности се:индустријата за преработка на дрво, градежништвото и градежните материјали,земјоделството, текстилната индустрија и други. Исто така зголемен раст забележан е во економијата кај бројот на постојните економски субјекти кои дејствуваат во Тетовскиот регион .Од нив 98% отпаѓаат на малите и средни претпријатија , но само 2% на големите претпријатија.

    Деловните субјекти во последната декада даваат посебен придонес во развојот на економијата во Тетовскиот регион, како што се: дрвната индустрија ( за производство на мебел), градежништвото, прехранбената индустрија, и текстилната индустрија. Наведените сектори со нивните капацитети и технологијата што ја имаат, се конкурентни не само на домашниот пазар туку и надвор низ целиот Балкан. Неколку претпријатија за производство на мебел за домаќинство и мебел за канцеларии, поседуваат кулминантна технологија ЦНС кои имаат потенцијал за пристап на меѓународниот пазар.

    Градежништвото особено во изминатите 6 години интензивно се зголеми и во Тетовскиот регион, кога се изградени голем број на стамбени и деловни објекти. Треба да се потенцира дека сите овие нови објекти се реализираат од приватни претпријатија, значи со приватни инвестиции и техничко-технолошки капацитети. Прехранбената индустрија исто така има свои капацитети и потенцијали, во општината се конкурентни на пазарот на млеко и млечни производи исто така и надвор од неа.
  • Стратешки план за развој

    Економскиот развој на државата се постигнува со добра стратешко планирање (долготрајно) кое е составено од голем број на компоненти, мерки, задачи и намери еден од главните компоненти кој е показател на општиот економски и општествен развој.

    Локалниот економски развој преставува процес со кој во континуитет во општината се подобрува животот на жителите, меѓу економското креирање и материјалната состојба во општеството.

    Затоа овој процес треба да започне со формирање на стратегија.
    Стратешкото планирање преставува еден систематски процес помеѓу општините кои превземаат конкретни мерки за економскиот развој и ги дефинираат визиите и стратешките намери, меѓудефинирање на развојните намери и конкретните мерки, посебно проектирање на задачи и реализирање на истите.

    Општината планира економски локален развој, утврден приоритет за развивање на економската локална политика, го подржува развојот на малите и средните претпријатија, исто така и претпријатијата на локално ниво:
  • Земјоделство и сточарство

    Грав

    Поволните климатски услови како и релјефот во Полошкиот регион овозможуваат креирање на оптимални услови за развој на земјоделството во Општина Тетово.

    Како резултат на добрите климатски услови и квалитетот на почвата, земјоделските култури што се одгледуваат во овој регион се со посебен вкус и квалитет.

    Добро е да се спомене тетовскиот грав, јаболката, доматите, пиперките, кромидот и други, според кој е познат тетовскиот регион како внатре така и надвор од него.
  • Шумарство

    За економијата на шумарскиот фонд во Општина Тетово се грижи Ј.П „Македонски Шуми“, ш.с. „Лешница“ - Тетово.

    ЈП се занимава со користење на шумите, нивна одбрана и пошумување на нови фиданки, од тие 80% служат за огрев на граѓаните, снабдувањето со дрво ќе биде 2 пати годишно и тоа во лето и во есен, 10% се користат за огрев во основните и средните училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Тетово, 10% е техничко дрво кое се употребува за дрвната индустрија.
  • Хотели

  • Ресторанти

  • Фабрики


-18°
Max:   Min: -4°
Влажност: 77%
Брзина на ветер: 43 km/h
Локално време: 00:07
Локална дата: 05.02.2012

Тендерии
Во моментот нема ниеден тендер

Конкурси
Во моментот нема ниеден конкурс