Економија
Економијата на територијата на Општина Тетово во последните години бележи зголемен раст. Како најразвиени дејности се:индустријата за преработка на дрво, градежништвото и градежните материјали,земјоделството, текстилната индустрија и други. Исто така зголемен раст забележан е во економијата кај бројот на постојните економски субјекти кои дејствуваат во Тетовскиот регион .Од нив 98% отпаѓаат на малите и средни претпријатија , но само 2% на големите претпријатија.
Деловните субјекти во последната декада даваат посебен придонес во развојот на економијата во Тетовскиот регион, како што се: дрвната индустрија ( за производство на мебел), градежништвото, прехранбената индустрија, и текстилната индустрија. Наведените сектори со нивните капацитети и технологијата што ја имаат, се конкурентни не само на домашниот пазар туку и надвор низ целиот Балкан. Неколку претпријатија за производство на мебел за домаќинство и мебел за канцеларии, поседуваат кулминантна технологија ЦНС кои имаат потенцијал за пристап на меѓународниот пазар.
Градежништвото особено во изминатите 6 години интензивно се зголеми и во Тетовскиот регион, кога се изградени голем број на стамбени и деловни објекти. Треба да се потенцира дека сите овие нови објекти се реализираат од приватни претпријатија, значи со приватни инвестиции и техничко-технолошки капацитети. Прехранбената индустрија исто така има свои капацитети и потенцијали, во општината се конкурентни на пазарот на млеко и млечни производи исто така и надвор од неа.