Економија
Економија
Економијата на територијата на Општина Тетово во последните години бележи зголемен раст. Како најразвиени дејности се:индустријата за преработка на дрво, градежништвото и градежните материјали,земјоделството, текстилната индустрија и други. Исто така зголемен раст забележан е во економијата кај бројот на постојните економски субјекти кои дејствуваат во Тетовскиот регион .Од нив 98% отпаѓаат на малите и средни претпријатија , но само 2% на големите претпријатија.
Деловните субјекти во последната декада даваат посебен придонес во развојот на економијата во Тетовскиот регион, како што се: дрвната индустрија ( за производство на мебел), градежништвото, прехранбената индустрија, и текстилната индустрија. Наведените сектори со нивните капацитети и технологијата што ја имаат, се конкурентни не само на домашниот пазар туку и надвор низ целиот Балкан. Неколку претпријатија за производство на мебел за домаќинство и мебел за канцеларии, поседуваат кулминантна технологија ЦНС кои имаат потенцијал за пристап на меѓународниот пазар.
Градежништвото особено во изминатите 6 години интензивно се зголеми и во Тетовскиот регион, кога се изградени голем број на стамбени и деловни објекти. Треба да се потенцира дека сите овие нови објекти се реализираат од приватни претпријатија, значи со приватни инвестиции и техничко-технолошки капацитети. Прехранбената индустрија исто така има свои капацитети и потенцијали, во општината се конкурентни на пазарот на млеко и млечни производи исто така и надвор од неа.
Освен овие претпријатија, во Општина Тетово дејствуваат и претпријатија за изработка на месо и месни производи, и друг вид на производи. Текстилната индустрија исто така има голема традиција во Општина Тетово, најголема заслуга има текстилниот комбинат „Тетекс„. Има голем број на новоформирани приватни текстилни претпријатија. Моментално приватните текстилни претпријатија работат според т.н. систем ЛОН, произведуваат (работаат) за надворешен партнер.
Значењето на претпријатијата во четирите горенаведени сектори , не е само поради нивно претставување на голем број на деловни субјекти во Општина Тетово, туку поради потенцијалот кој го поседуваат за проширување на меѓународен и рагионален пазар.
Овој потенцијал се базира на:
• Високата технологија која ја поседуваат;
• Потенцијал за зголемување на капацитетите и производството;
• Ориентација за извезување на производите
• Новите фабрички објекти со можност за нивно проширување:
• Високо квалитетни производи
Главни проучувања
• Прехранбена индустрија, Дрвна индустрија, Градежна индустрија и производство на градежни материјали и Текстилна индустрија.
• Главен сектор за служби:
• Фирмите не се задоволни од општата економска положба, нивото на камати, цената на енергијата, внатрешната конкуренција и материјалните трошоци, законодавството, службите и др.
• Фирмите целосно го покриваат домашниот пазар, но се ориентирани и кон извозот.
• Работодавачите главно се задоволни со структурата и способноста на работниците за конкретните работни задачи, што не е случајно и обратно, затоа што работниците работаат и после работното време, без соодветна компензација, и на голем број вработени не им се плаќаат придонесите:
• Претпријатијата ја потенцираат потребата и важноста од соработка помеѓу истите видови претпријатија со меѓусебни контакти, организирање на состаноци и изнаоѓање на различни решенија од заеднички интерес;
• Голем број на фирми инвестираат во постоечки објекти, ги поправаат, градат нови објекти и работат на проширување на производните капацитети;
• Домашниот пласман на производи преставува за фирмите важен сегмент по пристапот на фирмите на пазарот, неколку фирми го обезбедиле пласманот на нивните производи некои пазари;
• Во Општина Тетово егзистираат добри услови за раководење и развивање на бизнисот но исто така треба да се интензивира соработката меѓу фирмите и локалната самоуправа, за поправка на бизнис климата во општината и зголемување на економскиот развој.
Економски Развој
Важен сегмент и напредување на демократските процеси, регулирање на општествените односи, со еден збор, општиот развој во општеството,економскиот развој, имаат посебно место за подобрување на животот на граѓаните, но и во нашата стратегија за развој на Општина Тетово.
Според наши анализи и предвидувања, но и потребите на општиот развој на Општина Тетово, како економска гранка со големо влијание за развој се:
• Развој на мали и средни претпријатија и инвестиции;
• Развој на туризмот;
• Развој на земјоделството;
Но, нашето внимание ќе го концертираме нарочито кај овие стратешки планови