Шумарство
За економијата на шумарскиот фонд во Општина Тетово се грижи Ј.П „Македонски Шуми“, ш.с. „Лешница“ - Тетово.
ЈП се занимава со користење на шумите, нивна одбрана и пошумување на нови фиданки, од тие 80% служат за огрев на граѓаните, снабдувањето со дрво ќе биде 2 пати годишно и тоа во лето и во есен, 10% се користат за огрев во основните и средните училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Тетово, 10% е техничко дрво кое се употребува за дрвната индустрија.
Под одбрана се подразбира дејноста за зачувување на шумите и легално сечење, од одбрана од фитопатогени болести и од пожар на отворен простор, кои се присутни во летните месеци со што се прави загуба на шумскиот фонд.
Под дејноста на подновување подразбираме сеење на нови фиданки и сечење на одредени површини на шума. На територијата на Општина Тетово освен важните видови на шуми имаме шумски растенија, растенија од кои се прават лековити чаеви и друго.
Најраспространети видови дрвја во овој регион се: бука, даб и друг вид на дрвја, кои учествуваат со околу 90% во општиот шумски фонд.