Ренова
Почетоците на „Ренова се од 1992 год., во почетокот како мало комерцијално претпријатие, а подоцна за кратко време и изградба на првите производни капацитети и производство на готов-малтер „Ренофикс“.
„Ренова“ со нејзините производи направи економска револуција која многу фирми што имаат и по сто години пракса не можеле да гопостигнат тоа. „Ренова“ постигна таков успех благодарение на квалитетот и лојалноста на нејзините производи. „Ренова“ направи нова поубава слика за Тетово кое брои 200.000 жители. Таа допринесе многу внатрешни и надворешни инвеститори да го зголемат интересот.
Почетоците на Ренова се со производи увезени од Австрија, но побарувачката на пазарот за нивните производи се зголемува од ден на ден. Првите производни капацитети на готов-малтер.
Ренова нема долга историја на постоење, но има голема листа на достигнувања.
Во 1997 год. се почнува со работа првата фабрика на „Ренова“ со седиште во Џепчиште-Тетово за произведување на готов-малтер „Ренофикс“ со капацитет од 25-40 тони производство на час.
Во 1999 год. „Ренова“ започнува со изградба на втората фабрика, но овој пат во Гураз на Косово со двапати поголем капацитет на производство 40-50 тони производ на час.
Во 2001 год., „Ренова“ во Гураз на нејзините клиенти од Косово им ги нуди првите производи „Ренофикс“ кои се со ист квалитет како оние што се произведуваат во Тетово.
Во 2002 год., „Ренова“ го купува најголемиот рудник за Вар во регионот. Рудникот за производство на Вар Ново-Лепанци во Качаник на Косово, со вкупно 130 професионални работници кои работат во рудникот.
Во 2004 год., „Ренова“ го купува рудникот и фабриката за производство на Кварц и Перлит во Битола – Р. Македонија. Овој производствен капацитет е во фаза на инвестирање и модернизација.
Во 2004 год. „Ренова“ ја купува најголемата фабрика во регионот за преработка на кожа која со работа започнува во февруари 2006 год. со над 100 работници.
Во 2004 год. „Ренова“ купува 10 хектари земјиште во Р.Албанија за изградба на третата фабрика за производство на готов-малтер „Ренофикс“ која се гради по најновите европски стандарди.
Во 2005 год. „Ренова“ инвестира воизградба на фабриката за производство на месигни винкли, овие винкли наоѓаат голема примена во градежништвото. Тие многу ја олеснуваат работата на работниците. Овие винкли ја зголемуваат ефикасноста, прецизноста и брзото завршување на објектите.
Во исто време во 2005 год. „Ренова“ ги отвора фондовите за стипендии на студенти „Ренова“, од кои добиваат стипендии 94 студенти и 65 ученици, со овој чекор може да се види дека Ренова инвестира не само во производствени капацитети, туку и во индината на народот, со помагање во професионализацијата на кадрите во и надвор од местото на дејствување на капацитетите.
Ова не е се, „Ренова“ е генерален застапник за Македонија на боите “Карбон” од Загреб.
„Ренова“ има капацитет од 300 редовни работници и до 100 работници кои се ангажирани со договор за дело. „Ренова“ сега може да ја најдеме во секој агол од Балканот, Македонија, Грција, Косово, Албанија, Србија и други.
„Ренова“ е најголем донатор на културно-спортски и хуманитарни активности.
Филозофија на менаџирање на Ренова.
„Ние водиме сметка за нашите производи и квалитетот на нашето производство. Ова го покажуваат ISO сертификатите 9001-2000. Ние го нудиме она што нашите партнери го бараат, се грижиме за вашите објекти да бидат одржани, поудобни, а над се да се чуствувате релаксирани во вашите домови малтерисани со нашите материјали. Нашите архитекти и инженери го истражуваат теренот, а нашите маркетинг агенти го бараат од нас она што му треба на пазарот. Филозофијата на успехот на Ренова е на клиентите да им се понуди она што тие го сакаат најмногу за нивниот дом“.
Работниците на „Ренова“ се професионални на нивното поле, тие се многу мотивирани со нивната работа и со постигнатите успеси, „Ренова“ ги наградува сите вработени за нивните успеси, истовремено се привилегираат и наградуваат и најуспешните агенти и партнери.
1. Работната атмосфера и успехот се видливи во секое време.
2. Квалитетни услуги за сите клиенти
3. Се обрнува големо внимание за запазување на роковите поставени од клиентите
4. Висок квалитет на производство
5. Грижа за животната средина
6. Мотивиран персонал за работа и успеси
7. Гаранции за производите и услугите
8. „Ренова“ ви стои на располагање во секое време