проф. др. Сади Беџети
Научната и образовната работа на проф.др.Сади Беџети опфаќа во себе широк спектар на ангажирања и соодветна посветеност во постојаното вложување во интелектуалните вредности кои целосно се совпаѓаат со неговата аспирација за непрекинати афирмации на личните вредности во научниот албански свет, во регионални и меѓународни рамки.

Широкиот репертоар на научните ангажирања се карактеризира со неговата повеќегодишна и неуморна работа со цел создавање нови вредности, кои во биографијата на проф.др. Сади Беџети се етаблирани како систем на вредности во големиот научен свет.

Неговиот образовен и научен профил се вградува постепено и со целосна професионална посветеност од првите чекори на неговите заложби во образовниот и научниот свет, давајќи им постојано белег на интересирањата за соодветни студирања, за да во новиот хоризонт на научните достигнувања го бележат пулсот на времето, предизвиците и афирмацијата на професионалите и научните стандарди.

Токму и педагошката работа на Проф. Др.Сади Беџети ги има овие сублимирани перформанси.

Современите методологии на образованието преставуваат друга димензија на неговиот профил како професор. Сите овие вредности тој ги инкорпорирал во неговата научна и образовна биографија, создавајќи на таков начин богато искуство во професионална кариера.

Проф.др.Сади Беџети е роден на 01.11.1957 година во с. Лисец-Тетово. Основно образование завршил во с. Речица – Тетово, во периодот од 1964 – 1972 година. Средно образование – гимназија во Тетово во текот на периодот 1972-1976, додека во периодот 1976 – 1981 дипломирал на Медицинскиот факултетот во Приштина.


Градоначалникот ја претставува и застапува општината. Градоначалникот своите надлежности ги врши во рамките утврдени со закон и со овој Статут. Градоначалникот својата функција ја извршува професионално.

- Градоначалникот има право да присуствува и да учествува во работата на седниците на Советот, а по потреба и на седниците на комисиите на Советот, без право на одлучување.

- Градоначалникот има обврска да присуствува на седниците на Советот кога на дневен ред е поставување на советнички прашања и на нив усмено или писмено да одговара.

- Градоначалникот, определува негови претставници, кои ќе бидат присутни во работата на седниците на Советот и комисиите.

- Градоначалникот, по сопствена иицијатива и по барање на Советот, го известува Советот за извршувањето на пооделни работи од негова надлежност.

- Градоначалникот ги објавува прописите на Советот во „Службен гласник на Општина Тетово“.

- Градоначалникот го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот.

- Градоначалникот ја спроведува постапката за распишување на јавен конкурс и врши избор на директор на јавните служби и општински институции согласно Законот.

- Градоначалникот е должен во рок од 7 ( седум ) дена од денот на доставувањето на актот на Советот со решение да го запре неговото објавување доколку смета дека не е во согласност со Уставот и Законите.

- Градоначалникот управува со сопственоста на општината како добар домаќин.

- Во управувањето со сопственоста на општината градоначалникот е должен да презема мерки и да го обезбедува користењето на сопственоста во согласност со Закон.


Алајдин Хасани
Роден на 15–06–1977 година во Тетово.

Основно училиште завршил во „Наим Фрашери“ , средно во Гимназија„ „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Факултет за физичка култура завршил во Скопје, а Мастер студии во Тирана во 2009 година.

Искуство:

Некое време работи во основното училиште „Истикбал“, потоа како асистент на ДУТ, а во периодот од 2006 – 2008 година бил директор на туристичкиот центар „Попова Шапка“ .