Надлежности на градоначалникот

Градоначалникот ја претставува и застапува општината. Градоначалникот своите надлежности ги врши во рамките утврдени со закон и со овој Статут. Градоначалникот својата функција ја извршува професионално.

- Градоначалникот има право да присуствува и да учествува во работата на седниците на Советот, а по потреба и на седниците на комисиите на Советот, без право на одлучување.

- Градоначалникот има обврска да присуствува на седниците на Советот кога на дневен ред е поставување на советнички прашања и на нив усмено или писмено да одговара.

- Градоначалникот, определува негови претставници, кои ќе бидат присутни во работата на седниците на Советот и комисиите.

- Градоначалникот, по сопствена иицијатива и по барање на Советот, го известува Советот за извршувањето на пооделни работи од негова надлежност.

- Градоначалникот ги објавува прописите на Советот во „Службен гласник на Општина Тетово“.

- Градоначалникот го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот.

- Градоначалникот ја спроведува постапката за распишување на јавен конкурс и врши избор на директор на јавните служби и општински институции согласно Законот.

- Градоначалникот е должен во рок од 7 ( седум ) дена од денот на доставувањето на актот на Советот со решение да го запре неговото објавување доколку смета дека не е во согласност со Уставот и Законите.

- Градоначалникот управува со сопственоста на општината како добар домаќин.

- Во управувањето со сопственоста на општината градоначалникот е должен да презема мерки и да го обезбедува користењето на сопственоста во согласност со Закон.


На 16.06.2009 е извршена последната измена на оваа страница!