Надлежности на Советот

Советот на општината е претставнички орган на граѓаните. Советот на општината го сочинуваат 31 претставник на граѓаните избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање. Мандатот на членовите на советот трае 4 (четири) години. Членот на Советот не може да биде отповикан.

Права и должности на членот на Советот се:
- Да предлага претресување на прашања, појави и состојби што се од локално значење за граѓаните на општината,
- Да иницира донесување на одлуки и други акти од надлежност на Советот, како и да предлага амандмани,
- Да бара од општинската администрација, јавните служби и установи основани од општината податоци и други информации за прашања што се во надлежност на Советот.

Правата и надлежностите на претседателот на Совет:
- Ги свикува седниците на Советот
- Ја отвара, раководи и заклучува седницата,
- Ги отвара, води и ги заклучува расправите на седницата на советот, го одржува редот на седницата,
- Ги најавува дискутантите,
- Ги става прашањата и предлозите на гласање,
- Ги огласува резултатите од гласањето,
- Се грижи за организацијата и работата на советот,
- Се грижи за примена и почитување на деловникот на советот и дава појаснување во врска со неговата примена,
- Се грижи за остварување на правата на членовите на советот и за обезбедување на услови за нивната работа и информирање,
- Се грижи за спроведување на начелото на јавност во работата на советот,
- Ги потпишува актите на советот и ги доставува до градоначалникот на општината поради нивно објаснување,
- Врши и други работи утврдени со статутот на општината и овој деловник.


На 16.06.2009 е извршена последната измена на оваа страница!