Сектор за финансии и буџет
Роден е на 20.12.1964 г. во М.Речица. Основното образование го завршил во ОУ “Наим Фрашери” – Тетово, средното во Гимназијата “Кирил Пејчиновиќ” – Тетово, а економски факултет завршил на универзитетот во Приштина во 1990г.
Работно искуство:
Во периодот од 1992 г. до 1994 г. работи во приватна фирма за финансиски услуги и сметководство. Во периодот од 1994 г. – 1999 г. работи во неговата приватна канцеларија за сметководствени услуги. Во периодот од 1999 г.- 2004 г. е назначен за советник за финансии во локалната самоуправа на Општина Тетово, а од 2004г. до 2009г., во најголем дел од овој период, бил државен службеник – Раководител на секторот за финансии и буџет во Општина Тетово.
Во овој временски период е ангражиран во процесот на реформите во локалната самоуправа, а особено во процесот на фискалната децентрализација, како една дополнителна едукација за имплементирање на процесите во Општина Тетово.
Го зборува македонскиот и францускиот јазик.
Kontakt:
Tel: + 389 44 339 240
Email: adnan@tetova.gov.mk