Сектор за јавни дејности
Роден е на 07.02.1954 год. во с.Сушица во Р.Косово. Во 1973 год. го завршува основното и средното образование во Тетово, а филозовскиот факултет, филозовско-социолошка насока, завршува во Приштина во 1979г.
Професионална кариера:
Во периодот од 1979–1998 год. е професор во гимназијата “Кирил Пејчиновиќ” – Тетово, каде ја врши функцијата заменик директор во периодот од 1987–1989 год. Во периодот 1998–2002 год. бил потпретседател на Собранието на Р.Македонија, а во периодот 2002–2006 год. бил пратеник во Собранието на Р.Македонија.
Работно искуство:
Во периодот 1998–2001 год. е член на Советот за безбедност на Р.Македонија, а во периодот 1998–2002 год. е претседател на Секцијата на Франкофонија во Собранието на Р.Македонија.
Во периодот 2002–2006 год. е претседател на комисијата за труд и социјална политика, а во периодот 1998–2006 год. бил член на многу парламентарни комисии и различни делегации за меѓународна соработка во Собранието на Р. Македонија.
Во периодот 2006–2008 год. бил заменик министер за одбрана.
Политички бил активен од 1990 год. и е еден од основачите на НДП во Јуни 1990 год, а во периодот 1990–1997 год. бил нејзин претседател.
Kontakt:
Tel: + 389 44 335 667
Email: iljaz.halimi@tetova.gov.mk