Општинска администрација

За извршување на работите од надлежност на органите на општината се организира општинска администрација.

Општинската администрација се организира во сектори и одделенија. Организирањето, делокругот и начинот на извршувањето на задачите на општинската организација ги одредува Советот, со предлог на градоначалникот на општината.
- Вработените во општинската администрација што извршуваат професионална работа, нормативно–правна, извршна, надзорно–административна и одлучуваат за административните прашања имаат статус на државен службеник.

- За вработувањето, правилата и одредбите, системот на плати и компензација на плати, одговорноста оценувањето и отказите во работните односи на вработените од став 1 на овој член ќе се извршат одредбите на законот за државни службеници.

- За вработените во општинската администрација кои ја извршуваат работата како техничка администрација и помошници се извршуваат одредбите на законот за работни односи.

- Во периодот на вработување на општинската администрација и во јавните служби што ги основала општината ќе се почитува и ќе се има во предвид правична, фер и адекватна застапеност на граѓаните на сите заедници кои се застапени во општината во сите нивоа, како и почитувањето на критериумите на профисионалност и компетентност.

Општинската администрација:

- Ги подготвува актите за советот и градоначалникот,

- Ги подготвува седниците на советот, како и седниците на негови постојани и повремени комисии,

- Врши стручни работи за советот и градоначалникот,

- Го води сметководството на општината, финансиското работење, администрирање со општинските приходи и други работи во согласност со Закон,

- Ја следи проблематиката во области од надлежност на општината, врши анализа на состојбата и дава иницијативи и предлози за нивно решавање,

- Доставува информации и податоци во врска со активностите на општината на барање на надлежните органи или врз основа на Закон,

- Доставува информации и податоци во врска со активностите на општината на барање на надлежните органи или врз основа на Закон.


На 16.06.2009 е извршена последната измена на оваа страница!



Стоп за корупцијата!