Предлог ДУП за УБ 34
Врз основа на член 24 став 10 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, пречистен текст ("Сл.весник на РМ" бр.24/08 и 91/09) и Одлуката бр. 09-486/2 од датум 25.02.2009 г., Градоначалникот на општина Тетово, го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање Јавна презентација и Јавна анкета
Се организира Јавна презентација и Јавна анкета по Одлуката за утврдување на
Нацрт ДУП за УБ 34, плански период 2007-2012 год.
Јавната анкета ќе трае 10 работни дена почнувајќи од
31.12.2009 - 16.01.2010 год.
Јавната презентација по Одлуката за утврдување на
Нацрт ДУП за УБ 34, ќе се одржи на ден
05.01.2010 година од 10 - 14 часот, во просториите на Општина Тетово во големата сала.
Нацрт ДУП за Урбан блок 34 на општина Тетово се со следните граници:
Урбан блок 34:П=3.07 ха
ул. "Димо Гавровски- Кара" ул. “Методи Андонов- Ченто“ бул. “Благоја Тоска“ и бул. “Илириа“.
Анкетните листови за учество во јавната анкета заинтересираните граѓани можат да ги подигнат во месната заедниц во која спаѓа уртбанистичкиот план и во просториите на општина Тетово - секторот за урбанизам.
Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да достават писмени забелешки на анкетни листови во архивот на општината.
Општина Тетово
Градоначалник,
Проф. Д-р. Сади Беџети