Меморандум за соработка со УСАИД за реконструкција на ОУ “Кирил и Методиј“
Во вторник, градоначалникот на Општина Тетово, проф.д-р.Сади Беџети, потпиша меморандум за соработка со претставници од УСАИД Александар Вудс - директор за образование на УСАИД и Кејт Прентон-директор на ПЕП на УСАИД.
Меморандумот за соработка го дефинира почетокот за реконструкции на ОУ “Кирил и Методиј“ во Тетово. Овој проект ќе се финансира од страна на УСАИД во соработка со Општина Тетово. УСАИД финансира 30 илјади долари, Општина Тетово ќе ивестира 3 милиони и 576 илјади денари. Исто така и училиштето ќе учествува со 67 илјади денари.
Апликацијата на Општина Тетово во УСАИД за добивање на овој проект беше најдобра од сите 120 апликации.После тендерската фаза ,се очекува во последната недела во јануари да се започне со работите во ова училиште. Градоначалникот на Општина Тетово, проф.д-р.Сади Беџети, им се заблагодари на претставниците на УСАИД за соработката во овој проект.Тој рече дека Општина Тетово и во иднина ќе се ангажира за вакви проекти.
Претставниците на УСАИД ги означија идните проекти за основните училишта на Општина Тетово кои ќе се фокусираат за подигнување на квалитетот за менаџирање на училиштата.Според нив главна цел е да има подигнување на стандардите и педагошкиот квалитет за подобра настава во училиштата со настава на албански јазик.