Со полн капацитет за одржување на улиците
Јавното Комунално претпријатие“Тетово“ –Тетово во деновите опфатени со снежно невреме е ангажирано со полн капацитет за чистење на улиците кои припаѓаат во компетентност на Општина Тетово. “Улиците се проодни во зимски услови, работиме со полн капацитет за одржување на улиците и покрај тешкотиите од автомобилите кои се паркирани на улиците“ рече Хасан Љума, директор на ЈКП“Тетово“ - Тетово.
Според Љума, и во наредните денови се очекуваат нови врнежи, но ЈКП “Тетово“ ја следи ситуацијата на улиците во регионот на Тетово. Од ова претпријатие апелираат до граѓаните да не фрлаат снег од тротоарите на улиците и да не ги паркираат автомобилите на неадекватни места со цел да не се попречи одржувањето на улиците. Љума апелира до граѓаните ако се појават тешкотии за движење низ градот веднаш да се информира Јавното Комунално претпријатие “Тетово“-Тетово.