Општина Тетово ги подржува граѓанските иницијативи за решевање на проблемот со депонијата
Општина Тетово ги подржува граѓанските иницијативи за решевање на проблемот со депонијата
Во петок портпаролот на Општина Тетово,Флакран Пустина, одржа прес конференција на која го објави целосното ангажирање на Општина Тетово за брзо решевање на проблемот со дивата депонија настаната во Тетово.


Проблемот со дивата депонија во Тетово е создаден по усвојувањето на одлуката на Советот на Општина Гостивар за забрана на транспортирање на отпадоците од Општина Tетово во регионалната депонија Русино.Оваа депонија беше одредена како регионална депонија од страна на Министерството за животна средина, додека транспортот на отпадоците во оваа депонија функционираше до моментот кога Советот на Општина Гостивар донесе еднострана одлука за забрана за транспорт на отпадоците во депонијата Русино.
Оваа одлука на Советот на Општина Гостивар претставува арбитрарна одлука која не се потпира во Законот за локална самоуправа ,бидејќи општините не можат да донесат одлуки со кои се оштетува регионалниот интерес.Со оваа одлука е оневозможена и за другите тетовски и гостиварски општини за да ги депонираат отпадоците во Русино.Со оваа одлука целиот полошки регион останува без депонија.


Оваа еднострана одлука создаде мошне тешка состојба за Општина Tетово бидејќи без нејзина вина ,проблемот со отпадоците беше пренесен во нашата општина.Посакуваме да ја информираме пошироката јавност дека Општина Тетово во континуитет работи за решавање на овој акутетн проблем.Врз основа на превземените обврски од страна на Регионалниот Совет на полошките општини ,Општина Тетово работи во депонијата Русино, но поради климатските услови, дождливите и снежни врнежи, ангажираната механизација не може да работи со пoлн капацитет.Во моментот кога ќе се создадат поволни услови ,оперативата ќе продолжи да ги извршува сопствените работи со забрзан интензитет.


Истовремено, ја информираме јавноста дека Општина Тетово побарала да и се овозможи транспортирање на отпадоците во депонијата Дрисла, но до денес сеуште немаме дозвола од страна на ова Скопско јавно претпријатие да вршиме транспорт во оваа депонија. Имајќи ја во предвид создадената состојба ,Општина Тетово, ќе ги подржи граѓанските иницијативи како и иницијативите од здруженијата и други фактои, кои сериозно може да придонесат за сензибилизација на соодветните институции , како што се Министерството за екологија и Владата на Македонија за изнаоѓање на итно решение за овој проблем со кој со месеци се соочува градот Тетово.


Во оваа насока Општина Тетово ја прифаќа иницијативата на неформалната група на граѓани ,кои утре ќе протестираат на плоштадот Илирија во 14 часот.


Дата на објавување 08.01.2010

17°
Max: 20°  Min: 10°
Влажност: 59%
Брзина на ветер: 0 km/h
Локално време: 23:44
Локална дата: 03.09.2010
Анкета
Што треба да биде приоритет на Општината?
Водоснабдување
Градско зеленило
Инфраструктура
Друго