Тетово го помага Скадар за надминување на ситуацијата со поплавите
Тетово  го помага Скадар за надминување на ситуацијата со поплавите
Општина Тетово се солидаризира со граѓаните на Скадар-Албанија, кои се наоѓаат пред алармантна состојба од поплавите последниве денови.Застанувајќи покрај нив во овие тешки моменти, на иницијатива на градоначалникот на Општина Тетово,проф.д-р.Сади Беџети,општината ќе издвои финансиска помош од сопствениот буџет во висина од 30 илјади евра.


Исто така Општина Тетово ги повикува сите граѓани и претпријатија кои можат да помогнат со финансиски средства, облека, храна и други потребни работи за граѓаните на Скадар, да се упатат кај одговорното лице одредено од страна на Општина Тетово, на телефонскиот број 044-38-081.
Ги информираме граѓаните дека за оваа цел Општина Тетово ќе организира транспорт за доставување на помошта за градот Скадар .


Дата на објавување 08.01.2010

Max:   Min: -3°
Влажност: 75%
Брзина на ветер: 9 km/h
Локално време: 23:40
Локална дата: 13.03.2010
Анкета
Што треба да биде приоритет на Општината?
Водоснабдување
Градско зеленило
Инфраструктура
Друго