Претседателот на партијата ВМРО-Народна ја посети Општина Тетово
Претседателот на партијата ВМРО-Народна ја посети Општина Тетово
Во вторник, градоначалникот на Општина Тетово, проф.д-р.Сади Беџети, го пречека во посета претседателот на партијата ВМРО-Народна, Маријан Додовски. Во текот на оваа средба беше зборувано за ургентниот проблем со отпадот во Тетово, а истовремено се разгледани моделите за долгорочно решение на овој проблем. Моделот Јавно-Приватно партнерство е разгледано како можна прифатлива опција и како еден еколошки долгорочен пристап за проблемот со отпадот.
“Ние сакаме да ги искористиме искуствата од претседателот на ВМРО-Народна затоа што тој беше министер за екологија, посебно неговите идеи за имплементација на јавното-приватно партнерство.Затоа ние во иднина планираме почнувајќи од отпадот,водата за пиење,хидроцентралите,уредување на зелените простори, собирање на фекалните води и паркинзите да се менаџираат преку посебни дирекции врз база на јавното-приватно партнерство“рече градоначалникот на Општина Тетово,проф.д-р.Сади Беџети.

“Разговаравме за ангажманот на градоначалникот за отпадот во Тетово и за неговите ангажмани Тетово да стане еден од најеколошките градови во Македонија.Конкретно со градоначалникот на Тетово разговаравме за можните концепти со отпадот“ рече претседателот на партијата ВМРО-Народна , Маријан Додовски.Според него, поеколошко , постабилно и пореално решение е јавното-приватно партнерство преку кое општината директно ќе се вклучи во изборот на партнерот кој стратешки ќе администрира со отпадот и ќе реализира влезни и ќе ги отстрани другите трошоци за третирање на отпадот.Тој рече дека општината ги има сите инструменти во раце врз основа на правните регулативи за да размислува за концептот ППП.“Длабоко сум уверен дека ако се почне со оваа процедура Тетово ќе стане пример дека овој проект може да се имплементира и оптимистички може да трае шест месеци.Со ова ќе ја зачува автономијата за решавање на комуналните проблеми и ќе биде пример за еколошки пристап кон отпадот“рече тој.


Дата на објавување 12.01.2010

Max:   Min: -3°
Влажност: 57%
Брзина на ветер: 5 km/h
Локално време: 12:04
Локална дата: 13.03.2010
Анкета
Што треба да биде приоритет на Општината?
Водоснабдување
Градско зеленило
Инфраструктура
Друго