Првиот контингент со хуманитарна помош тргна во Скадар
Првиот контингент со хуманитарна помош тргна во Скадар
Граѓаните, стопанствениците и бизнисмените од Тетово позитивно одговорија на повикот на Општина Тетово за да му се помогне на населението на Скадар кое страдаше од поплавите. Во среда тргна првиот контингент со хуманитарна помош што опфаќа повеќе од 30 врсти на прехрамбени, хигиенски и други продукти. Вкупниот износ на оваа помош изнесува повеќе од 20 илјади евра.

Се очекува собирањето на хуманитарната помош да продолжи, а во текот на идната недела се очекува да тргне и друг контингент со хуманитарна помош за граѓаните кои се оштетени од поплавите во градот Скадар.
Исто така информираме дека Советот на Општина Тетово во четврток ќе одржи вонредна седница на која ќе се гласа Предлогот на градоначалникот на Општина Тетово, проф.д-р.Сади Беџети, за да на граѓаните кои се оштетени од поплавите во Скадар им се додели финансиска помош во вредност од 30 илјади евра.


Дата на објавување 13.01.2010

17°
Max: 20°  Min: 10°
Влажност: 59%
Брзина на ветер: 0 km/h
Локално време: 23:08
Локална дата: 03.09.2010
Анкета
Што треба да биде приоритет на Општината?
Водоснабдување
Градско зеленило
Инфраструктура
Друго