Општина Тетово додели 30 илјади евра за Скадар
Општина Тетово  додели 30 илјади евра за Скадар
Во четврток, Советот на Општина Тетово одржа вонредна седница која се однесува за доделување на финансиски средства за населението на Скадар кое страдаше од поплавите.Доделувањето на финансиски средства во висина од 30 илјади евра беше на иницијатива на градоначалникот на Општина Тетово,проф.д-р.Сади Беџети.Со образложението за доделување на финансиски средства ,претседателот на Советот на Општина Тетово,Ирфан Емини се изјасни дека со ова ќе се докаже волјата, хуманитерноста и солидарноста на граѓаните на Тетово за да се спречи проширувањето на оваа елементарна непогода
Во име на советничката група на ДПА, координаторот на групата ,Дурим Љима рече дека предлогот на градоначалникот на Општина Тетово за доделување на финансиска помош за населението на Сакдар е еден добар предлог.Љума исто така им се заблагодари на сите советници за разбирањето и со оваа помош ние се солидаризираме и ја споделуваме болката со граѓаните на Скадар.

Предлог-Одлуката за доделување на финансиски средства во висина од 30 илјади евра за настраданите од поплавите во Скадар е усвоена со мнозинсво од страна на советниците на Општина Тетово.


Дата на објавување 14.01.2010

Max:   Min: -3°
Влажност: 53%
Брзина на ветер: 9 km/h
Локално време: 12:18
Локална дата: 13.03.2010
Анкета
Што треба да биде приоритет на Општината?
Водоснабдување
Градско зеленило
Инфраструктура
Друго