Се постигна договор за транспорт на отпадот во Русино
Се постигна  договор за транспорт на отпадот  во Русино
Проблемот со дивата депонија во Тетово веќе е решен. На средбата која беше реализирана во Русино помеѓу градоначалникот на Општина Тетово,проф.д-р.Сади Беџети ,градоначалникот на Општина Гостивар, Руфи Османи, претседателот на Регионалниот совет на полошкиот регион,Фатмир Изаири и министерот за животна средина, Неџати Јакупи постигнаа договор за да се започне со транспорт на отпадот од Тетово во регионалната депонија Русино.Оваа средба беше иницирана од претседателот на Регионалниот совет на полошкиот регион Фатмир Изаири.Транспортот на отпадот ќе започне веднаш ,почнувајќи од ноќеска од 21:00 часот и истовремено со транспортот на сметот ќе се реализираат и останатите работи во депонијата Русино.
На една заедничка прес конференција , градоначалникот на Општина Тетово,проф.д-р.Сади Беџети, градоначалникот на Општина Гостивар, Руфи Османи, претседателот на Регионалниот совет на полошкиот регион,Фатмир Изаири и министерот за животна средина, Неџати Јакупи го искажаја задоволството за решавање на овој проблем со отпадот во Тетово.


“На моја иницијатива направивме една средба со министерот и двата градоначалника и дефинитивно ги надминавме сите недоразбирања во врска со регионалната депонија Русино и од денеска во 21:00 часот започна транспортот на отпадот во Русино.За 10 дена или другата сабота ќе се сретнеме уште еднаш за некои работи кои треба да се реализираат во продолжение паралелно со транспортот на отпадот“ рече претседателот на Регионалниот совет на полошкиот регион, Фатмир Изаири.

Овој договор го поздрави и министерот за екологија,Неџати Јакупи.“Ние како министерство зедовме обрска и ние да интервенираме со некои проекти за да ги подобриме условите во депонијата Русино и заедно со Општина Гостивар да го направиме патот кој ќе го избегне урбаниот дел на Гостивар, односно возилата кои ќе ги транспортираат отпадоците да не проаѓаат низ градот со цел да ги избегнеме неповолните ефекти кај граѓаните, рече тој.

“Јавно му се заблагодаруваме на претседателот на Регионалниот совет на полошкиот регион, доктор Фатмир и му се заблагодаруваме на градоначалникот на Општина Гостивар кои се ангажираа да ни помогнат иако ние не ги завршивме сите работи, но ни овозможија од денеска да започне транспортот во 21:00 часот паралелно со работата. Исто така јавно му се заблагодаруваме на министерот за екологија за неговиот ангажман.Јавно им се заблагодаруваме на претставниците од овие институции за нивната помош“рече градоначалникот на Општина Тетово,проф.д-р.Сади Беџети.


“Сакам да констатирам дека сите ние денеска бевме дел од решевањето на овој проблем, проблем кој не измачуваше сите подолго време.Заедно на лице место констатиравме дека има уште работи кои треба да се извршат и зедовме ветување од градоначалникот на Општина Тетово дека и тие ќе се довршат.Во функција за надминување на ургентната ситуација настаната во Тетово,ние се договоривме од денеска Општина Тетово да започне со транспорт на отпадот“рече градоначалникот на Општина Гостивар, Руфи Османи.Тој го отцени овој договор како позитивна порака која докажува дека институциите од различните нивоа се на ниво на обврските што ги имаат.


Дата на објавување 14.01.2010

19°
Max: 20°  Min: 10°
Влажност: 52%
Брзина на ветер: 0 km/h
Локално време: 22:45
Локална дата: 03.09.2010
Анкета
Што треба да биде приоритет на Општината?
Водоснабдување
Градско зеленило
Инфраструктура
Друго