Владата го дискриминира образованието во Тетово
Владата го дискриминира образованието во Тетово
Во петок, раководителот на Секторот за јавни дејности во Општина Тетово, Илјаз Халими, одржа прес конференција на која ги истакна скратувањата на средствата од страна на Владата, во сферата на образованието, културата и спортот.

“Владата на Р.Македонија оваа година ја дискриминираше Општина Тетово во областа на образованието, скратувајќи и ги средствата што се пуштата за блок дотации за разните потреби како и за инвестиции во средните и основните училишта“ рече Халими
Според него, оваа година драстично се намалени предвидените средства за основното и средното образование во Општина Тетово.

На овие планирани средства на Општина Тетово и се скратени околу 120 милиони денари од страна на Владата.

Според Халими, од скратувањата на средствата на едностран и тенденциозен начин од фактот дека на основното и средното образование за оваа година им се додаваат и други трошоци како што се поскапувањето на електричната енергија, поскапувањето на нафтените деривати за греење, зголемување на трошоците за хигиена за одбрана од свинскиот грип и други.

Паралелно со овие дозволени средства со блок дотации не се предвидува ниту еден денар за други инвестиции за Општина Тетово.

Раководителот на Секторот за јавни дејности ја обвини Владата дека има селективен пристап кон образованието, културата и спортот во Општина Тетово во однос со другите општини.

“Ја прашувам Владата на Р.Македонија како е можно да најдат средства за општините со мнозинство македонско население како што се Битола и Струмица, додека за Тетово не. Како е можно за овие два града да се најдат дополнителни средства во износ од 1 милион евра со блок дотации за инвестиции во основните и средните училишта, додека за Општина Тетово да не се издвои ниту еден денар“рече тој..

Халими бара од Владата да ја запре оваа дискриминација и да издвои дополнителни средства за Општина Тетово во висина од 120 милиони денари, кои ќе овозможат нормално функционирање на основните и средните училишта во Општина Тетово.


Дата на објавување 15.01.2010

17°
Max: 20°  Min: 10°
Влажност: 59%
Брзина на ветер: 0 km/h
Локално време: 00:03
Локална дата: 04.09.2010
Анкета
Што треба да биде приоритет на Општината?
Водоснабдување
Градско зеленило
Инфраструктура
Друго