Општина Тетово го достави првиот контингент со помош во Скадар
Општина Тетово го достави првиот контингент со помош во Скадар
Делегација на Општина Тетово предводена од портпаролот Флакран Пустина, го достави првиот контингент со хуманитарна помош за поплавените во Скадар.
Општина Тетово, граѓаните, малостопанствениците и бизнисмените дадоа различна помош од прехрамбени продукти , облека , хигиенски продукти и друго.Во Сакдар беше испратен хуманитарен конвој во износ од 20 илјади евра како и еден камион со седум и пол тони градежен материјал од фирмата Рофикс.
Во оваа посета портпаролот на Општина Тетово ,Флакран Пустина се сретна со градоначалникот на Скадар, Лоренс Лука, кој ја искажа неговата благодарност што освен материјалната помош се доделени и финансиски средства на граѓаните што беа погодени од поплавите.

Портпаролот на Општина Тетово, Флакран Пустина во доставувањето на хуманитарните средства истакна дека ова е на иницијатива на градоначалникот на Општина Тетово,проф.д-р.Сади Беџети со цел да им се помогне на граѓаните од Скадар. Пустина исто така им се заблагодари на сите граѓани од Тетово, малостопанствениците и бизнисмените што ја подржаа оваа иницијатива.

Портпаролот на Општина Тетово се сретна со портпаролот на Општина Скадар, Ридван Дибра кој ја прими хуманитарната помош и и се придружи на делегацијата за време на посетата во Скадар.

Делегацијата на Општина Тетово при нејзината посета на кризните места во Скадар се сретна и со претседателката на Парламентот во Албанија, Јозефина Топали.Топали длабоко му се заблагодари на градоначалникот на Општина Тетово, проф.д-р.Сади Беџети и на сите тие што помогнаа за Скадар.Според Топали овој гест на Општина Тетово покажува солидарност што секогаш постоела помеѓу Албанците.

Акцијата на Општина Тетово за доставување на хуманитарната помош за граѓаните на Скадар продолжува и сите заинтересирани можат да достават помош во просториите на противпожарната единица во Тетово.


Дата на објавување 18.01.2010

17°
Max: 20°  Min: 10°
Влажност: 59%
Брзина на ветер: 0 km/h
Локално време: 22:50
Локална дата: 03.09.2010
Анкета
Што треба да биде приоритет на Општината?
Водоснабдување
Градско зеленило
Инфраструктура
Друго