Сертификат за успешна имплементација на ИСО 9001:2008
Сертификат за успешна имплементација на ИСО 9001:2008
Во понеделникот портпаролот на Oпштина Тетово, Флакран Пустина, одржа прес конференција со новинарите, на која извести за успешното спроведување на ИСО стандардот 9001:2008 од страна на Општина Тетово.


“Општина Тетово е една од четирите општини во Македонија што го добила сертификатот за успешна имплементација на ИСО стандардот 9001:2008.Овој сертификат се доделува за спроведување на услугите кои се во компетентност на локалната самоуправа.Со овој сертификат Општина Тетово се проценува за поставување на оддржливиот систем за владеење што ги исполнува барањата на стандардот“рече Пустина.

Според него, процесот на импементација на ИСО стандардите поминал во неколку фази што подразбира обучување и тестирање на администрацијата .Сертификатот за овој стандарт е издаден од Словенскиот институт за квалитет (СИК).
Портпаролот на Општина Тетово, Флакран Пустина, објасни дека со овој стандарт се исполнува мисијата за една квалитетна политика во општинското владеење која ја отвара визијата за една мултиетничка општина, отворена, ефикасна, транспарентна и конструктивна.

Исто така со ИСО стандардот 9001:2008 се создаваат предности на општината за повлекување на различни меѓународни фондови , особено за апликација во ИПА фондовите.

Обучувањето и реализирањето за земање на стандардот е финансирано од страна на УНДП во рамките на проектот “Борбата против корупцијата за доброто владеење“.

Со ИСО стандардот 9001:2008 реално се имплементира моделот за стандардизација на праксите и процедурите во општината, кои имаат за цел консолидирање на општинската администрација за давање на ефикасни услуги на граѓаните.



Земањето на сертификатот за успешна реализација на ИСО стандардите е еден доказ за едно перманенто ангажирање и одговорност во работата на општината во ова осумесечно владеење.


Дата на објавување 18.01.2010

17°
Max: 20°  Min: 10°
Влажност: 59%
Брзина на ветер: 0 km/h
Локално време: 23:54
Локална дата: 03.09.2010
Анкета
Што треба да биде приоритет на Општината?
Водоснабдување
Градско зеленило
Инфраструктура
Друго