Се зголемуваат пријавувањата на семејно насилство
Се зголемуваат пријавувањата на семејно насилство
Семејното насилство и третирањето на случаите што се поставуваат од страна на државните институции беше тема на дебатата во понеделник што се одржа во Општина Тетово од страна на Форумот на жената.“Со еден меморандум на соработка одлучивме да ја подигнеме свеста во трите општини и тоа во Општина Тетово, Желино и Јегуновце со превземање на зеаднички иницијативи за пријавување на семејното насилство со мотото “Не го премолчувајте семејното насилство“рече Жане Крешова, претседателка на Форумот на жената.Овој проект се реализира со помош на координативното тело составено од Форумот на жената, претставници на Општина Тетово, Основниот суд во Тетово, Јавното обвинителство во Тетово, Секторот за внатрешни работи во Тетово, Центарот за социјална работа, претставници од бизнисот и претставници на невладините организации.
До ден денес се зголеми бројот на случаи каде што има пријави на семејно насилство, истакнаа претставниците на институциите , но според нив сеуште треба да се работи на интезивен начин.

“Општината нема ингеренции во оваа сфера, но ние работиме за да помогнеме во секоја област со подршка на невладините организации, затоа што ова е едно од приоритетите на градоначалникот на Општина Тетово, проф.д-р.Сади Беџети, но ние диртектно ќе помогнеме кога ингеренциите ќе преминат во Центарот за социјална работа и Секторот за внатрешни работи во Тетово“ рече Рамие Цара, претставничка на Општина Тетово.

Жане Крешова рече дека ваквите проекти ќе продолжат и во иднина со цел подигнување на свеста кај граѓаните за да не го премолчуваат семејното насилство.


Дата на објавување 18.01.2010

-18°
Max:   Min: -4°
Влажност: 77%
Брзина на ветер: 41 km/h
Локално време: 23:44
Локална дата: 04.02.2012