Општина Тетово го поздрави француското искуство во сферата на агрономија
Поставување на соработка во сферата на агрономијата беше тема на разговорот на средбата која ја имаше секретарката на Општина Тетово, Дрита Мемети, со претставниците на Федерација на фармерите во Македонија и француското здружението за земјоделство и интернационален развој AF-DI со седиште во Нормандија во Франција.
Claire Guyon,вработена во Здружението на француските земјоделци и интернационалниот развој AF-DI, потенцираше дека здружението има соработка со многу организации и институции од различни земји. Според Guyon, соработката повеќе се фокусира за производство на млеко и организација на фармерите. “Имаме поставено плодна соработка со Организацијата на фармерите во Митровица, но со Р.Македонија имаме поставено соработка од 2008 година “ рече
Guyon.
Наим Касами, потпретседател на Здружението на фармерите во Македонија рече дека со здружението AF-DI од Франција имаме добра соработка во сферата на агрономијата особено во сточарството. Федерацијата на фармерите беше во посета на Франција три месеци порано со цел да го пренесе француско искуство од сферата на агрономијата во Македонија.
Секретарката на Општина Тетово, Дрита Мемети, беше задоволна од оваа посета и потенцираше дека оваа соработка е добредојдена за Општина Тетово и за граѓаните затоа што тие на овој начин се информираат за работата на организациите во Франција во различни сфери.Секретарката Мемети ги информираше присутните за работата што ја направила Општина Тетово за развојот во различните сфери.
“Што се однесува до сферата на агрономијата мислиме дека Општина Тетово има плодна земја за развојот на земјоделството“ рече Мемети.
Секретарката на Општина Тетово пред француската делегација го објасни начинот на функционирање на општинската администрација во Тетово.