Се прославија две години на Американското катче во Тетово
Се прославија две години на Американското катче во Тетово
Претставници на Општина Тетово учествуваа на прославата која беше организирана во чест на двегодишното функционирање на Американското катче во Тетово.Филип Рикер,амбасадорот на САД во Скопје, дојде на оваа прослава да го испочитува функционирањето на Американското катче, а исто така беа присатни и претставниците на локалните и централните власти во Македонија.


Според координаторот на Американското катче, Гзим Сулејмани, ова катче прослави две години од успешната работа во текот на која имал една прекрасна комуникација со граѓаните со која е исполнет сонот за заедничко споделување на културата.
“За две години Американското катче во Тетово постигна да биде едно успешно гнездо за познавање и размена на културите.Овде на ова место почнувајќи од најамалите деца до возрасните на креативен начин е реализиран сонот за пријателството, размена на вредностите и хуманите искуства“ рече Сулејмани.

Амбасадорот на САД во Скопје, Филип Рикер, изјави дека Американското катче во Тетово се зголеми и се прошири со неверојатна брзина.“Ова катче како дел од сеопширната програма со постигнати резлтати покажа добар пораст во текот на оваа година. “Американското катче во Тетово продолжува да биде катче кое расте со голема брзина и многу ви честитам за работата “рече амбасадорот Рикер.

Во име на градоначалникот на Општина Тетово, проф.д-р.Сади Беџети, присутните ги поздрави шефот на кабинетот, Алајдин Асани.Тој им изрази искрени желби и честитки по повод двегодишната прослава на Американското катче во Тетово и потенцираше дека Општина Тетово е во партнерство со Американското катче во Тетово кое за две години преку многу организации го отвори хоризонтот за дијалог помеѓу граѓаните на Тетово и американскиот народ.“Ние сме задоволни што катчето има богата агенда која во Тетово пренесува дух на пријателство,познавање и дијалог.Општина Тетово како партнер со Американското катче во Тетово ќе биде близу до овие активности и до благодарната мисија за промоција на духот на пријателството и сеопфатната соработка“рече Асани.


Дата на објавување 20.01.2010

-18°
Max:   Min: -4°
Влажност: 77%
Брзина на ветер: 43 km/h
Локално време: 23:43
Локална дата: 04.02.2012