Средба за поврзување на образованието со економијата
Средба  за поврзување на образованието со економијата
Во среда, градоначалникот на Општина Тетово, проф.д-р.Сади Беџети, ги прими во посета претставниците на двата универзитета и средните училишта во Тетово.На оваа средба која ги имаше за цел можностите за соработка за поврзаност на образованието со економијата, беа присатни и советниците Алберто Погорелз и експертката Клаудија Коколин, која е позната по нејзиното ангажирање во многу проекти финансирани од ЕУ.


Советникот Алберто Погорелз пред присутните ја презентираше целта на посетата што подразбира изнаоѓање на една заедничка точка за поврзување на надворешните институции со Општина Тетово и за подготвување на проекти со приоритет за Општина Тетово.
Погорелз пред нив ја презентирал поврзаноста на производниот систем со системот за обучување.Според него оваа соработка се овозможува преку фокусот на договорот потпишан помеѓу Општина Тетово и Area Science Park во Трст, институција што го соединува академскиот свет со производствената индустрија.


Првата фаза на соработка подразбира пренесување на информациите со цел до месец мај да се подготват некои приоритетни проекти за конкурирање во мрежата на Area Science Park. Присутните искажаа подготвеност за соработка и за интензивно пренесување на информации со цел да се вклучат со проекти во различни сфери.


Дата на објавување 21.01.2010

17°
Max: 20°  Min: 10°
Влажност: 59%
Брзина на ветер: 0 km/h
Локално време: 23:11
Локална дата: 03.09.2010
Анкета
Што треба да биде приоритет на Општината?
Водоснабдување
Градско зеленило
Инфраструктура
Друго