Законски мерки за нелегалните објекти
Законски мерки за нелегалните објекти
Општинскиот инспекторат кој функционира во рамките на Општина Тетово ја има во завршна фаза програмата за спроведување во текот на оваа календарска година, додека истата ќе започне да се применува по подобрување на временските услови.

Според раководителот на Општинскиот инспекторат, Неритан Ферати, во текот на оваа календарска година Општинскиот инспекторијат ќе превземе законски мерки врз нелегалните објекти, поткровјата, објектите за индивидуално и колективно домување и други објекти кои се надвор од планот, надвор од техничките стандарди и безбедноста кои не можат да бидат легализирани.
“Контрола на пералните и условите во кои тие работат беа друга активност на Општинскиот инспекторат во Тетово. Во текот на контролата е констатирано дека повеќето работат надвор од законските нормативи употребувајќи вода за пиење а не техничка вода, а исто така дел од пералните немале инсталирано систем за атмосферска канализација. Против сите овие неправолности Општинскиот инспекторат на Тетово во соработка со Инспекторатот за екологија ќе превземат законски процедури“ рече Ферати.

Според него, на перманентен начин во текот на овој период Општинскиот инспекторат на Тетово превзел мерки за да ги мотивира луѓето да го расчистат снегот пред своите објекти со цел да се обезбеди слободно движење на граѓаните.


Дата на објавување 26.01.2010

Max:   Min: -3°
Влажност: 75%
Брзина на ветер: 9 km/h
Локално време: 23:40
Локална дата: 13.03.2010
Анкета
Што треба да биде приоритет на Општината?
Водоснабдување
Градско зеленило
Инфраструктура
Друго