Перманентно работење за подобрување на образовните услови во средните училишта
Минатата недела раководителот на Секторот за јавни дејности во Општина Тетово, Илјаз Халими, се сретна со директорите на средните училишта во Тетово. На оваа средба Халими се интересирал за условите , организацијата и проблемите со кои се соочуваат овие училишта.“Со директорите на средните училишта разговаравме за подобро функционирање и организирање на едукативниот процес, за потербите што ги имаат овие училишта како и со проблемите со кои се соочуваат тие“ рече Халими.
Според него, иако започнало второто полугодие, четирите средни стручни училишта се уште не се снабдени со учебници и тоа доведува до спречување на нормалниот развој на образовно-едукативниот процес. “Еден голем проблем за средните училишта исто така е и недоволниот број на персонал. Иако на Министерството за образование и наука му се испратени неколку барања за надополнување на овој персонал сепак од таму немавме никаков одговор“ рече Халими.
Директорите на средните училишта во Тетово беа задоволни за инвестициите што ги направи Општина Тетово во текот на 2009 година и се надеваат дека ќе продолжат и во иднина.