Интензивирање на соработката со институциите на Турција
Интензивирање на соработката со институциите на Турција
Амбасадорот на Турција во Скопје, Аслан Хакан Окчал, во четврток ја посети Општина Тетово и беше пречекан од градоначалникот проф.д-р. Сади Беџети. Интензивирање на соработката за заштита на културното наследство, образованието и соработката помеѓу општините беа теми за кои се разговараше на оваа средба.
Според градоначалникот на Општина Тетово, проф.д-р.Сади Беџети, со амбасадорот на Турција во Скопје се дискутираше за важни теми од областа на меѓусебната соработка.“Од Амбасадорот на Турција баравме соработка во областа за заштита на културното наследство од отоманскиот период и исто така зборувавме за соживотот на заедниците во Општина Тетово.Амбасадорот ни гарантираше дека ќе имаме соработка и во економската сфера, а нашата задача е да обезбедиме услови за инвестиции.Друга важна точка беше соработката на Општина Тетово со другите општини во Турција во насока на спроведување на обука за вработените во општинската администрација “рече Беџети.

Според него, Општина Тетово ќе ја прошири соработката со општините и институциите во Турција.Во Општина Тетово веќе се реализирани неколку проекти поддржани од Владата на Турција како што е работата во комплексот Арабати Баба и изградбата на Саат кулата во центарот на градот.Овие проекти се започнати од порано, а во меѓувреме продолжува работата за реализација на овие проекти.Во областа на меѓусебната соработка Општина Тетово веќе има плодна соработка со Општината Коња и Општината Бајрам Паша во Турција.

Турскиот амбасадор во Скопје, Аслан Хакан Окчал, изрази задоволство од посетата на Општина Тетово и му се заблагодари на градоначалникот за срдечниот прием .“Јас сум горд што имав чест да се сретнам со градоначалникот Беџети со кого разговаравме за соработката помеѓу институциите во Тетово со институциите на Турција“рече амбасадорот Окчал.


Дата на објавување 28.01.2010

17°
Max: 20°  Min: 10°
Влажност: 59%
Брзина на ветер: 0 km/h
Локално време: 23:41
Локална дата: 03.09.2010
Анкета
Што треба да биде приоритет на Општината?
Водоснабдување
Градско зеленило
Инфраструктура
Друго