Градоначалникот Беџети на Утринските молитви во САД
Градоначалникот на Општина Тетово, проф.д-р.Сади Беџети, на покана од Американскиот конгрес, од вторник ќе претстојува во службена посета во САД, каде ќе учествува на средбата Утрински молитви. На оваа церимонија која ќе се одржи на 4 февруари воWashington D.C. ќе биде присатен и претседателот на САД, Барак Обама, американските конгресмени, владини службени лица од целиот свет, дипломатски претставници, лидери од цела Америка и пријатели од 160 држави кои ќе го споделат духот на пријателството преку Утринските молитви.
Утринските молитви е состанок кој се одржува секоја година во Washington D.C., првиот четврток во февруари, и веќе е традиција за промоција на човечките вредности, мирот, љубовта и пријателството во светот.