Уплатата на локалните даноци е повеќе од 85 проценти
Уплатата на локалните даноци е повеќе од 85 проценти
Одделението за администрирање со локалните даноци кое функционира во склоп на Општина Тетово известува дека во 2009 година се зголемиле уплатите за даноци.Според раководителот на ова одделение уплатата на даноците е повеќе од 85 посто.Овој процент не е постигнат во другите општини, а ова доаѓа како резултат на посветеноста на раководителниот состав и службениците на ова одделение.
“Многу скоро се очекува во склоп на одделението за граѓаните на Општина Тетово да се активира електронскиот начин на плаќање на даноци каде граѓаните ќе имаат директен пристап за да ја следат нивната состојба за тоа колку имаат платено и колку треба да платат данок.Овој систем ќе се спроведе со цел на граѓаните да им се олесни процедурата и на овој начин тие ќе имаат директен пристап да ја следат својата состојба со даноците“ рече Абдула Мусаи, раководител на одделението за локални даноци.

Ова одделение порано функционираше во рамките на Централната власт и сите даноци се уплаќаа на сметката на Централната власт, а сега оваа процедура се промени и овие даноци остануваат на сметката на општината.Во меѓувреме овие средства се употребуваат за инвестициите во сферата на инфраструктурата, во образованието и културата.


Дата на објавување 05.02.2010

-2°
Max:   Min: -2°
Влажност: 82%
Брзина на ветер: 11 km/h
Локално време: 01:32
Локална дата: 13.03.2010
Анкета
Што треба да биде приоритет на Општината?
Водоснабдување
Градско зеленило
Инфраструктура
Друго