Противпожарната единица на време реагира на барањата на граѓаните
Противпожарната единица на време реагира на барањата на граѓаните
Противпожарната единица која функционира во рамките на Општина Тетово, продолжува со секојдневните активности и навремено реагира на барањата на граѓаните за гасење на пожарите. Претходно оваа единица направила серија на интервенции за гасење на пожари во оџаците кај индивидуалното и колективното домување.
Според раководителот Камбер Садику, подобрувањето на условите и работните простории на пожарникарите е една друга димензија на работата.Општина Тетово има инвестирано за варосување на просториите и поставување на инвентарот за седумдесет вработени.

“После снабдувањето со специјална облека, има напори противпожарната единица да се снабди и со нова професионална механизација“рече Садику.


Спротивно на тоа, пет пожарникари од единицата во текот на месец март ќе учествуваат во Манчестер во Англија каде ќе имаат тренинг со групата“Флоријан“.Сето ова според раководителот Садику се прави за специјализација на специјалната противпожарна единица која треба да го добие атрибутот за професионална единица.


Дата на објавување 08.02.2010

17°
Max: 20°  Min: 10°
Влажност: 59%
Брзина на ветер: 0 km/h
Локално време: 22:49
Локална дата: 03.09.2010
Анкета
Што треба да биде приоритет на Општината?
Водоснабдување
Градско зеленило
Инфраструктура
Друго