Да не се пали отпадот во контејнерите
Јавното комунално претпријатие “Тетово“-Тетово апелира до граѓаните на Општина Тетово да внимаваат каде ги фрлаат отпадоците во градот и на другите локации.“Апелираме до граѓаните на Општина Тетово да не го фрлаат отпадот на неадекватни места како што е пред контејнерите и истите да не ги палат во контејнерите, затоа што ова не овозможува адекватна и брза услуга ,рече директорот на Јавното комунално претпријатие“Тетово“-Тетово, Хасан Љума.
Според Љума , Јавното комунално претпријатие “Тетово“ е 24 часа во услуга на граѓаните и работи со полн капацитет за одржување на хигиената во вакви временски услови, со цел да имаме чист град.