Општина Тетово ќе ја помогне операцијата на Гзим Халили
Во среда е одржана деветата седница на Советот на Општина Тетово во текот на која советниците дискутирале за 24 точки на дневниот ред.На оваа седница, советниците го освоиле Предлог-Решението за доделување на финансиска помош за Гзим Халили во вредност од 290 илјади денари за операција на очите. Исто така Советот на Општина Тетово усвои Предлог-Решение за доделување на финансиски средства од 90 илјади денари за Ризван Селмани од село Вејце за санирање на штетата која му е предизвикана од лизгање на земјата.
Во текот на деветата седница на Советот на Општина Тетово советниците усвоиле Предлог-Решение за промена и дополнување на буџетот на Општина Тетово за 2010 година, решението за реализирање на буџетот на Општина Тетово за 2010 година, Предлог-Решение за усвојување на финансиски Годишни планови за основните училишта во Општина Тетово, Предлог –Решение за усвојување на финансиски Годишни планови за средните училишта, Предлог-Решение за донесување на финансиски Годишен план за Јавната комунална институција за деца , градинката “Младост“ -Тетово.
Советниците со мнозинство гласови усвоиле Предлог-Решение за ослободување од компензација на градежното земјиште за надградбата на објектот кај средното економско училиште “8 Септември“-Тетово, Предлог –Решение за ослободување од компензација на градежното земјиште за дополнителна градба на спрат на објектот ЈКИД“Младост“-Тетово, Предлог-Решение за промена на возниот парк во сопственост на Општина Тетово и друго.