Општина Тетово го доби сертификатот ИСО 9001:2008
Во среда претставничката на УНДП во Македонија, Деидре Боид , службено му го додели на градоначалникот на Општина Тетово, проф.д-р.Сади Беџети, сертификатот на системот за добро менаџирање ИСО 9001:2008.Преку оваа свечена манифестација Општина Тетово ја овековечи неколку месечната работа за поставување на овој механизам кој е во функција за стандардизирање на процедурите во општината и во функција на давање подобри услуги на граѓаните.
Овој систем исто така нуди соработка со европската администрација и за донесување на меѓународнте фондови.
“Во соработка со УНДП, Општина Тетово со едно големо заложување и одговорно ангажирање со успех ги постави стандардите за квалитетност на општинската администрација“рече градоначалникот Беџети на церемонијата за доделување на сертификатот за системизирање и менаџирање со квалитетот ИСО 9001:2008.
Според Беџети со воспоставувањето на овој инструмент ,Општина Тетово ќе има нови квалитети во секојдневната работа со граѓаните и во процесот на севкупниот развој.“Ние длабоко веруваме дека со овој систем се отвара една друга етапа на развој и прогрес за сите граѓани на Тетово“рече тој.
Градоначалникот Беџети рече дека Општина Тетово со одговорност и прецизност ќе се ангажира реално да го имлементира овој механизам кој нуди транспарентност и ефикасна работа на администрацијата.
Претставничката на УНДП во Македонија, Деидре Боид, рече дека Општина Тетово е прва која го постави овој стандард за функционирање на администрацијата.“Фактот што вашата општина ги исполнила барањата за сертифицирање со стандардите ИСО 9001:2008 за давање на услуги покажа дека општината е ангажирана да постави квалитетни услуги за клиентите да бидат задоволни“рече Боид. Според неа, овој процес не завршува овде туку ќе продолжи и во иднина.
Претставничката на Словенскиот институт за квалитет (СИК) ,Дајана Крагељ, му се заблагодари на градоначалникот на Општина Тетово,проф.д-р.Сади Беџети, за неговото ангажирање за воспоставување на квалитетните стандарди . Според неа, овој систем е чекор напред во ефикасноста на локалната самоуправа.