Постојаната комисија за афирмација на детските права
Постојаната комисија за афирмација на детските права
Во четврток, градоначалникот на Општина Тетово, проф.д-р.Сади Беџети го пречека во посета претставникот на УНИЦЕФ за Македонија, Шелдон Јет.Во текот на разговорот со градоначалникот Беџети, Јет и се заблагодари на Општина Тетово за постојаниот ангажман во насока на одбрана на детските права.Во фокусот на оваа средба беше формирањето на постојана комисија за детските права во рамките на Општина Тетово.Оваа комисија ќе се опфати и во статутот на Општина Тетово.
Идејата за формирање на оваа интердисциплинарна комисија е да се соберат податоци и да се подготви еден акционен план согласно со проектот за глобална децентрализација на детските права“Општина по мерка на децата “.

Оваа комисија ќе биде еден инструмент за поставување на приоритетите за детските права и ќе го стимулира учеството на децата во општинската работа на начин тие да бидат активни на локално ниво.Исто така во рамките на овој проект се предвидува да се формира посебен буџет во рамките на Општина Тетово за афирмација на детските права.

Претставникот на УНИЦЕФ за Македонија , Шелдон Јет, рече дека е многу значајно комисијата да работи како правен инструмент.Според него проектот“Општина по мерка на децата“е една глобална иницијатива и се имплементира во сите општини во различни држави на светот.

Градоначалникот на Општина Тетово, проф.д-р.Сади Беџети го информира претставникот на УНИЦЕФ, Шелдон Јет за сите ангажмани кои ги превзема општината во насока на одбрана на детските права.Општината е ангажирана во многу проекти за децата и истовремено ги подржува финансиски.Градоначалникот Беџети им се заблагодари за идејата за формирање на постојаната комисија за детските права и се обврзува дека тоа ќе се реализира од страна на Општина Тетово.


Дата на објавување 18.02.2010

-20°
Max: -8°  Min: -13°
Влажност: 68%
Брзина на ветер: 36 km/h
Локално време: 08:41
Локална дата: 08.02.2012