Општина Тетово ќе биде дел од асоцијацијата за текстил“АКТА“
Општина Тетово ќе биде дел од асоцијацијата за текстил“АКТА“
Во четврток, градоначалникот на Општина Тетово, проф.д-р.Сади Беџети, во посета го пречека претседателот на европската асоцијација на заедниците за текстил“АКТА“,Теодоро Ромеро кој е и пратеник во парламентот на Барселона.
Со оваа средба Општина Тетово стана член на оваа асоцијација која овозможува развој на текстилната индустрија во сите места и региони во Европа и пошироко.Општина Тетово како член на асоцијацијата “АКТА“ добива многу бенифиции од компаниите за текстил кој функционираат во Тетово.
Претседателот Ромеро пред градоначалникот на Општина Тетово,проф.д-р.Сади Беџети и пред претставниците на компаниите за текстил во Тетово го презентираше историјатот на оваа асоцијација и својата активна моќ како начин да се подигне текстилната индустрија на различни нивоа и да се направи реставрација на фабриките кој според него ќе се викаат “Фабрики за иднината“.Ромеро рече дека текстилната индустрија е фокусирана на креативен дизајн и работна сила.

Градоначалникот на Општина Тетово, проф.д-р.Сади Беџети рече дека со зачленувањето на Општина Тетово во асоцијацијата “АКТА’текстилната индустрија во Тетово ќе добие нов развој на пазарот за извоз.
Асоцијацијата на европските заедници за текстил “АКТА“ е основана во 1991 година во Португалија.

Оваа асоцијација ги претставува и ги заштитува интересите на територијалните заедници и организации кој се занимаваат со текстил.Во средбата во четврток освен претставници на текстилната индустрија кој работат во склоп на Општина Тетово учествувале и претставници на Стопанската комора на Вараждин.


Дата на објавување 19.02.2010

-18°
Max:   Min: -4°
Влажност: 77%
Брзина на ветер: 41 km/h
Локално време: 23:46
Локална дата: 04.02.2012