Работен ручек со амбасадорот на САД, Филип Рикер
Градоначалникот на Општина Тетово, проф.д-р.Сади Беџети, во сабота на работен ручек го пречека амбасадорот на САД во Скопје ,Филип Рикер.
Целта на оваа средба беше амбасадорот Рикер поблиску да се запознае со работата на Општина Тетово, и во оваа насока тој ја искажа својата голема поддршка за разни проекти во Тетово.
Градоначалникот на Општина Тетово, проф.д-р.Сади Беџети, рече дека амбасадорот на САД во Скопје , Филип Рикер, даде безрезервна поддршка за економскиот развој на Тетово.
“ Имавме еден работен ручек со амбасадорот Рикер , со кој разговаравме во врска со досегашната работа на општината во сферата на образованието ,економијата и другите сфери“ рече Беџети.Според него амбасадорот на САД, Рикер понуди голема поддршка на Општина Тетово за понатамошен развој во разни сфери.