Објавен бројот на ученици кои ќе бидат примени во средните училишта во учебната 2010/ 2011 година
Објавен бројот на ученици кои ќе бидат примени  во средните училишта во учебната 2010/ 2011 година
Секторот за јавни дејности на Општина Тетово го објави бројот на ученици кои ќе бидат примени во училиштата во учебната 2010 /2011 година.Според овој сектор во Општина Тетово бројот на ученици кои актуелно ја следат наставата во VIII одделение во основните училишта во Општина Тетово изнесува 1446 ученици.Актуелно во средните училишта во Општина Тетово наставата ја следат вкупно 2901 ученици во 88 паралелки и тоа 2384 ученици во 70 паралелки со настава на албански јазик, 472 ученици во 17 паралелки со настава на македонски јазик и 45 ученици во 1 паралелка со настава на турски јазик.Според директорите на средните училишта во учебната 2010/2011 година бројот на учениците кои треба да се примат ќе бидат во 99 паралелки и тоа 77 паралелки со настава на албански јазик , 21 паралелка со настава на македонски јазик и 1 паралелка со настава на турски јазик.Во средното општинско училиште “Кирил Пејчиновиќ“-Тетово во првата година на учебната 2010/2011 година се предвидува да се пријават вкупно 918 учениици во 27 паралелки. Наставата на албански јазик ќе ја следат 816 ученици во 24 паралелки и наставата на македонски јазик ќе ја следат 102 ученици во 3 паралелки.
Во средното економско училиште“8 Септември“ во првата година за учебната 2010/2011 година се предвидува да се пријават 442 ученици во 13 паралелки . Насатавата на албански јазик ќе ја следат 340 ученици во 10 паралелки и наставата на македонски јазик ќе ја следат 102 ученици во 3 паралелки.

Во средното текстилно училиште“Ѓоце Стојчески“ –Тетово во првата година за учебната 2010/2011 година се предвидува да се пријават 292 ученици во 9 паралелки. Наставта на албански јазик ќе ја следат 258 ученици во 8 паралелки и наставата на македонски јазик ќе ја следат 34 ученици во 1 паралелка.

Во средното професионално училиште “Моша Пијаде“-Тетово во првата година за учебната 2010/2011 година се предвидува да се пријават 1054 ученици во 31 паралелка. Наставата на албански јазик ќе ја следат 748 ученици во 22 паралелки и наставата на македонски јазик ќе ја следат 306 ученици во 9 паралелки.

Во средното медицинско училиште “Никола Штејн“-Тетово во првата година за учебната 2010/2011 година се планира да се пријават 646 ученици во 19 паралелки. Наставата на албански јазик ќе ја следат 442 ученици во 13 паралелки , настава на македонски јазик ќе следат 170 ученици во 5 паралелки и настава на турски јазик ќе следат 34 ученици во 1 паралелка.

Според Секторот за јавни дејности на Општина Тетово конкурсот за запишување на учениците за учебната 2010/2011 година ќе го објави Министерството за образование и наука најкасно до 31 март 2010 година .Затоа што се планира да се опфатат околу 2000 ученици предложено е да се изградат две средни професионални училишта и една гимназија во објектот на тетовската касарна.

Истовремено МОН ќе се информира за потребните финансиски средства за адаптирање на горенаведените објекти за нормално работење и за изградба на два студентски дома за учениците во средните училишта.


Дата на објавување 22.02.2010

-20°
Max: -8°  Min: -13°
Влажност: 68%
Брзина на ветер: 36 km/h
Локално време: 08:31
Локална дата: 08.02.2012