Министерот Коњановски во посета на Тетово
Министерот Коњановски во посета на Тетово
Министерот за одбрана на Р.Македонија, Зоран Коњановски, во вторник ја посети Општина Тетово каде се сретна со градоначалникот на Општина Тетово, проф.д-р. Сади Беџети.

Во фокусот на средбата беше доделување на еден дел од земјиштето на касарната, од кој еден дел ќе го користи Општина Тетово за градење на институции со јавен карактер во интерес на граѓаните и другиот дел ќе биде искористен за изградба на социјални станови за членовите на АРМ.
“Општината неколку пати има направено барање касарната да и се даде на Општина Тетово . Најдовме заеднички јазик за урбанизирање на еден дел од просториите и еден дел ќе и припадне на Општина Тетово. Ние ќе бидеме транспарентни со граѓаните и ќе им покажеме што ќе се гради таму. На денешната средба дискутиравме општината да ја има касарната како сите други оппштини“ рече градоначалникот на Општина Тетово,проф.д-р.Сади Беџети.

Министерот Коњановски рече дека во земјите каде е присутна АРМ еден дел ќе и се додели за секојдневни работи во функција на локалната самоуправа , а еден друг дел ќе се користи од страна на АРМ.Според него ова е исто и во другите градови каде е присатна АРМ.


Првата фаза од овој проект ќе биде подготвување на детален урбанистички план од страна на Општина Тетово , односно урбанизација на овој простор на АРМ.

Посетата на министерот за одбрана , Зоран Коњановски во Тетово беше дел од проектот “АРМ мојот вистински дом“.


Дата на објавување 24.02.2010

16°
Max: 23°  Min: 14°
Влажност: 94%
Брзина на ветер: 0 km/h
Локално време: 06:49
Локална дата: 09.09.2010
Анкета
Што треба да биде приоритет на Општината?
Водоснабдување
Градско зеленило
Инфраструктура
Друго