Делегација на Парламентот на Романија во посета на Тетово
Делегација на Парламентот на Романија во посета на Тетово
Во четврток градоначалникот на Општина Тетово во посета ја пречека делегацијата на Комисијата за образование, наука и спорт на собранието на Романија,предводена од заменик претседателот на оваа комисија, Каталин Кроитору.Разговорот беше фокусиран за организирање на училишниот систем кој е во надлежност на општината, за економскиот развој на Тетово и политичката застапеност на националностите во Советот на Општина Тетово.
Градоначалникот на Општина Тетово, проф.д-р.Сади Беџети, рече дека на оваа средба се даде поглед за развојот на градот, информации за основното и средното образование и развојот на туризмот во градот Тетово.Градоначалникот Беџети им се заблагодари на делегацијата на Комисијата за образование на Романскиот парламент за посетата на Општина Тетово и рече дека вратите на Општина Тетово секогаш ќе бидат отворени за соработка.

Заменик претседателот на Комисијата за образование, наука и спорт на собранието на Романија, Каталин Кроитору, рече дека Македонија е пријателска земја и оваа посета беше добра можност да се види функционирањето на локалната власт и пристапот кон проблемите на ова ниво.

“За нас е важно да видиме како малцинствата ги остваруваат своите права во образованието на мајчин јазик“рече Криотору.Според него за образовниот систем во Романија има пофални зборови од страна на ЕУ , а истакна дека сака да го споделат искуството со другите, во сите нивоа на владеење.

“Ние научивме дека образованието но и традицијата на малцинствата претставува национално богатство“рече Кроитору.


Дата на објавување 25.02.2010

-20°
Max: -8°  Min: -13°
Влажност: 68%
Брзина на ветер: 36 km/h
Локално време: 08:39
Локална дата: 08.02.2012