Водич по убавините на Шар Планина
Водич по убавините на Шар Планина
Во Општина Тетово во четврток е промовиран водичот “Прошетка по Шар Планина“креиран од авторите , Матју Сет и Шантал Собрино Тафунел.Оваа книга ја презентира соработката во рамки на проектот“ТАНДЕМ“ помеѓу Општина Тетово, Француската алијанса –Тетово, Француската амбасада, Шпанската амбасада ,Одделот на Високите алпи , Планинарскиот клуб“Љуботен“ и Здружението “Еко Натура“.Присутен на оваа промоција беше и амбасадорот на Франција во Македонија , Жан Клод Слумберже.
Градоначалникот на Општина Тетово, проф.д-р.Сади Беџети , рече дека преку овој водич граѓаните и странските туристи ќе имаат можност да ги откријат убавините на Шар Планина и големиот туристички потенцијал во регионот.Тој ја почитува соработката за печатење на книгата ,посебно соработката со Француската алијанса во Тетово и Француската амбасада во Македонија.

“Со печатење на оваа книга ,Тетово го добива првиот професионален водич кој ќе служи за промовирање на градот , на убавините и богатото културно наследство“рече градоначалникот Беџети.

“Задоволен сум што мојата посета е во коинциденција со промоцијата на оваа книга.Овде гледам еден сигнал за соработка помеѓу институциите на Франција и Тетово.Ова е многу важен проект за книгата која е испечатена на четири јазика и тоа на француски ,англиски , албански и македонски јазик“рече амбасадорот на Франција во Македонија , Жан Клод Слумберже.

Според него овој проект ги зближи многу партнери помеѓу себе кои имаа една цел и може да се нарече децентрализирана работа.

“Во овој проект беа вклучени Одделот на Високите алпи и Општина Тетово и ова е овозможено преку Француската алијанса во Тетово која има важна улога за поврзување на Франција со Општина Тетово“рече амбасадорот на Франција во Македонија , Жан Клод Слумберже.


Дата на објавување 26.02.2010

23°
Max: 24°  Min: 11°
Влажност: 53%
Брзина на ветер: 11 km/h
Локално време: 22:42
Локална дата: 10.09.2010
Анкета
Што треба да биде приоритет на Општината?
Водоснабдување
Градско зеленило
Инфраструктура
Друго