Гарѓаните да ги користат лиценцираните такси возила
Гарѓаните да ги користат лиценцираните такси возила
Општинскиот инспекторат на Тетово апелира до граѓаните на Тетово да ги користат само легалните услуги и лиценцираните транспортни услуги за патниците бидејќи на овој начин ќе се намали можноста за последици и за безбедност на граѓаните.


Според раководителот на Општинскиот инспекторат кој функционира во рамките на Општина Тетово, Неритан Ферати, во градот Тетово сега функционираат такси возила кои не се регистрирани и вршат меѓуградски автотранспорт.
“Загрижени од фактот дека често пати лицата кои ја вршат оваа дејност можат да бидат сторители на разни кривични дела, и загрижени сме дека граѓаните, а особено учениците, малолетниците или студентите можат да бидат нивна жртва“рече Ферати.

Според него, често пати возачите кои транспортираат патници биле жртва на патниците поради нелегалната дејност.


Општинскиот инспекторат на Општина Тетово апелира до граѓаните да користат само легални услуги за автотранспорт затоа што на овој начин ќе се намали можноста од последици и безбедност на граѓаните.


Општинскиот инспекторат на Општина Тетово продолжува со напорите за спречување на овој феномен кој расте се повеќе и е последица од лошите економски услови .


За остварување на законските услови за транспорт на граѓаните такси возилата треба да ги поседуваат следниве услови кои се предвидени со закон и правилник:



1.да имаат жолта боја

2.да го имаат општинскиот амблем

3.фискален таксиметар

4.лиценца за јавна дејност на видно место

5. идентификација на возачот

6.ценовник за колометража на видно место


Дата на објавување 02.03.2010

-20°
Max: -8°  Min: -13°
Влажност: 68%
Брзина на ветер: 36 km/h
Локално време: 08:27
Локална дата: 08.02.2012