Експозе на градоначалникот за 3 Mарт - ден на Општина Тетово
Експозе на градоначалникот за 3 Mарт - ден на Општина Тетово
Се собравме денес заедно да го прославиме 3-Март Денот на Општина Тетово, денот на реализација на демократските аспирации на сите граѓани од Тетово.

Токму на 3-ти март 1992 година се формира првиот плуралстички совет на Општина Тетово, настан кој го одбележа крајот на едноумието и пред нас отвори хоризонт на политички плурализам и на демократски живот и во нашиот град.

Одбележувањето на овој ден не потсетува на историски пресврт, победата на демократијата и на плурализмот, која му даде на Општина Тетово поинаков ритам на развој и консолидација во духот на севкупните вредности на демократските политики.
Се собравме денес да го одбележиме овој ден како силна основа во патот на локалната демократија како општа вредност кон политичките слободи за сите граѓани на Тетово.

Во духот на овој пресврт кој го опфаќа нашето тежнеење за демократски живот и широко учество на сите граѓани на одлучувањата во општина, ние ја проектиравме нашата демократска визија за Тетово, која се заснива врз дигнитетот на политичкото и етничкото претставување.

Оваа визија сега веќе се конкретизира со поставувањето на современиот систем на владеење и со конкретни проекти, кои гарантираат рамномерен третман за сите етнитети во Општина Тетово и за сите политички ориентации.

Во текот на овие единаесет месеци на нашето владеење, ние се трудевме со сите сили да воспоставиме систем на квалитет за решавање на проблемите, постојано негувајќи го дијалогот, толеранцијата и професионализмот во нашето работење.


Во насока на оваа определба, Општина Тетово ги прошири сопствените капацитети на владеење преку голем број организирани обуки од страна на европски институции, кои овозможија сите општински услуги да бидат отворени за граѓаните.

Ние остануваме доследни во нашето тежнеење за отвореност кон граѓаните, кон сите проблеми со кои тие се соочуваат. Оваа ориентација се докажува со сестраната соработка реализирана во насока на воспоставување и негување на европските стандарди во функционирањето на општината.

Ние веруваме дека оваа наша определба заснована врз одговорна работа, создава реална можност за економски развој, за чиста околина, за развој на образованието, културата и за социјална благосостојба.

Ние се обврзуваме дека и во наредните месеци ќе се трудиме да работиме за доброто на граѓаните, за создавање на услови за нивна благосостојба и за давање на што поквалитетни услуги, постојано со внимание за заштита и поголема стимулација на етничкиот и политичкиот дијалог.

Сите реализирани проекти до сега се плод на оваа ориентација, поради тоа ние ќе се залагаме да продолжиме и во иднина со овој ритам на соработка и одговорност.

Локалната демократија останува најдобра форма на учеството на граѓаните и за реализација на нивните права. Одбележувањето на овој ден ќе ни послужи за потврдување на нашата ориентација за што подобра услуга на граѓаните.

Дозволете ми да Ви го честитам 3 – ти Март – Денот на општина со најискрени желби за прогрес, правда, дијалог и толеранција во нашиот заеднички пат кон севкупниот развој на Тетово.


Ви посакувам добро здравје и успех на сите!


Дата на објавување 03.03.2010

-20°
Max: -8°  Min: -13°
Влажност: 68%
Брзина на ветер: 36 km/h
Локално време: 08:38
Локална дата: 08.02.2012