Листа на личности и инстутуции кои се наградени од страна на Општина Тетово
Листа на личности и инстутуции кои се наградени од страна на Општина Тетово.
Награди со плакети, признанија и парични награди:
1. Агим Ибрахими- за придонесот и постигнатиот успех во областа на спортот, во фудбалот.
2. Глигорије Стојановски – за развојот на драмска уметност во Тетово и за афирмација на Oпштина Тетово;
3. Атанас Соколовски – за посебниот придонес во областа на информирањето и за успешната кариера во новинарската професија;
4. Селадин Џезаири - за посебниот придонес во областа на информирањето и за успешната кариера во новинарската професија;
5. Бранислав Светозаревиќ – за неговиот посебен придонес во областа на историската наука;
6. Мабере Камбери – за дадениот придонес во подобрувањето на животниот стандард на ромската националност;
7. Хасип Хасани – за развојот на земјоделското производство со современи форми;
8. Здружение на инвалидите – Тетово за дадениот придонес во подобрување на условите за живеење на лицата со ограничени способности.
9. Махи Халили - (професор во СМОУ „Никола Штејн„) за повеќегодишниот придонес во воспитно-образовниот процес.
10. Бурхан Незири (професор во Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ„ за долгогодишниот придонес по предметот физика и за воспитување на голем број генерации.
11. Сатки Исмаили (наставник во ОУ „Кирил и Методиј„) – за неговиот ценет придонес во основното образование по предметот математика.
12. Надире Арифи (учителка во ОУ „Лирија„) – за нејзиниот дологодишен придонес во образованието на младите генерации.
13. Лилјана Апостоловска - (учителка во ОУ „Гоце Делчев„) за долгогодишниот придонес во образованието на младите генерации.
14. Бајрам Мемети – за неговиот долгогодишен придонес во областа на образованието.
Награди со плакети и признанија:
15. КУД „Џеладин Зеќири„ за посебниот придонес во развојот и негувањето на културата и заштита на албанската фолклорна традиција.
16. ФК „Ренова„ за придонесот во развојот и афирмирањето на фудбалот и спортските вредности во Општина Тетово, во Македонија и на меѓународна сцена.
17. РТ У-15, фудбал за деца – „Тетова„ за покажаните успеси на меѓународно ниво во фудбалот и за поттикнување на младите да се занимаваат со спортски активности.
18. „ЕКОЛОГ„ за успесите во областа на бизнисот и за придонесот даден за вработување на голем број граѓани од Тетово.
19. „ГРЕЕН ПРОДУКТС„ – за современо производство на прехрамбени продукти и за вработување на голем број граѓани од Тетово.
20. Југоисточен Европски Универзитет – за посебниот придонес во развојот на високото образование како и за развиток и промоција на научната дејност.
21. Месна заедница – Порој – за придонесот во развојот на месната заедница во Општина Тетово и за подобрувањето на животните услови на граѓаните од Порој.
22. Панче Камџик (пост мортум) – за неговата посветеност за развојот и афирмацијата на филмската уметност во Општина Тетово.
23. Селман Рустеми (пост мортум) за придонесот даден во областа на социјалната политика и хуманизмот, за неговата хумана посветеност кон сите социјални категории.
Плакета и парична награда:
24. Арјета Реџепи (ученичка во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ„) за покажаниот успех како одлична ученичка и за други достигнувања.
25. Гоце Евтоски (средно економско училиште „8 Септември„) за постигнатиот успех на националните натпревари по предметот математика.
26. Мерита Саити (ОУ „Лирија„) за кулминантни резултати во основното образование.
27. Ивана Мановска (ОУ „Г.Делчев„) за кулминантни резултати во основното образование.